ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев најави интензивирање на средбите со бугарските власти пред јунскиот Самит на ЕУ

June 6, 2021 11:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска најави интензивирање на средбите со бугарските власти во насока на постигнување решение за спорот со Бугарија, пред јунскиот самит на Европската Унија, за кој постои оптимизам дека ќе биде дадено зелено светло за одржување на првата Меѓувладина конференција.

Заев, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на „Македонија пат“, Беким Мемеди присустуваше на увид на реконструкцијата на патниот правец Кавадарци-Дреново, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека во периодот до 22 јуни ќе се одржат многу состаноци.

Го спомена самитот во Анталија на 17 јуни, но како можност за средби со бугарските претставници го посочи и самитот на НАТО во Брисел на 14 јуни.

-Верувам дека и билатерално ќе се видиме затоа што нашите министри за надворешни работи со своите тимови соработуваат, го доразвиваат планот за соработка. Се работи за секторскиот план од сите области, верувам дека ќе го утврдиме до крај. Јас дури верувам дека може да се одржат и Меѓувладината конференција во престојниот период, а во меѓувреме да се усвојат сите потребни работи, нагласи Заев.

Додаде дека интензивирањето на состаноците и приближувањето до решение, може да биде од помош, за како што рече, „тоа гласно ДА“, кое се очекува на 22 јуни за одржување на првата Меѓувладина конференција.

-Пред нас е мегдан, значаен период, верувам дека можеме да ги искористиме до максимум сите можни средби за да постигнеме евентуален успех, нагласи премиерот.

Северна Македонија и Бугарија ги приближуваат позициите врз основа на португалскиот предлог за решавање на спорот, кој неодамна им беше презентиран и на двете страни. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека предлогот е штетен и е планирано бугарската декларација да стане дел од преговарачката рамка и бара од Заев да каже дали на маса е таа декларација, со која се негираат македонскиот идентитет, историја и јазик. Обвинува и дека се водат тајни преговори со Бугарија и бара одговор за тоа дали е точно дека Заев ги прифаќа бугарските позиции.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во петокот се обрати со соопштението, во кое наведе дека смета оти е недоговорно да се врши национално предавство и да се преговара за историјата, јазикот и нашата посебност,

Премиерот, но и други претставници на Владата изминатиот период потенцираат дека португалскиот предлог на ниту еден начин не задира во идентитетските прашања.

Заев вчера ги оцени како несериозни изјавите, особено од претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во врска со прашањето со Бугарија и нагласи дека тоа може да предизвикаат само штетни последици и закочување на процесот на евроинтеграции на Северна Македонија.

Повтори и дека ништо не се крие и не се разговара поразлично и оти на маса е португалскиот предлог и оти тоа за нас е добра основа да се најде решение за билатералното прашање со Софија.

-Апелирам за трезвеност затоа што илјада пати потврдивме, додека стоеше до мене потпретседателот на ЕУ Борел, или Тимерманс или претседателката Фон Дер Лајн или кој било од луѓето кои се лидери во ЕУ, вклучувајќи и претседатели и премиери на земји членки на ЕУ, експлицитно јасно кажав доколку македонскиот јазик и македонскиот идентитет се на маса ние не преговараме, така што еве го 22-ри ќе се знае за што е разговарано. Тоа е за 18 дена од денеска, порача вчера Заев.

Next Post

ДУИ ја заокружува етничката агенда и сега зборуваме за граѓанинот, вели Заев

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk