ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата го усвои ребалансот на буџетот, повеќе капитални инвестиции и поддршка за стопанството

June 8, 2021 16:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Зголемување на капиталните инвестиции и продолжување на поддршката за стопанството се двата клучни сегмента во ребалансот на Буџетот што Владата денеска го усвои на седница.

Приходната страна на релабансот е подигната за 4,7 проценти во однос на иницијалниот Буџет, односно приходите се проектирани на ниво од 222,6 милијарди денари, што се должи на добрата реализација на приходите од почетокот на годината.

Расходите се планирани на ниво од 268,8 милијарди денари или за 8,6 проценти повеќе во однос на иницијалниот Буџет.

Капиталните расходи се проектирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари се повисоки во однос на планот за 2021 година. Нивното учество во вкупните расходи на буџетот од иницијално планираните 9,4 проценти, се зголемува на 11,3 проценти што е повисоко ниво од просекот во последните десет години.

Има кратење на расходите кај повеќе буџетски корисници по два основа – по основ на помалку продуктивни трошоци и по основ на проекти кои имаат послаба динамика на реализација. Овие средства ќе бидат насочени кон ставки кои се очекува да дадат поголем процент на реализација и поголема додадена вредност на економијата.

Дефицитот е проектиран на ниво од 46,2 милијарди денари, односно 6,5 проценти од БДП. Тој заедно со отплатите од претходните задолжувања во износ од 43,3 милијарди денари, ќе се финансираат од надворешни и домашни извори.

– Во рамки на отплатите по основ на претходни задолжувања влегуваат  еврообврзницата издадена во 2014 година во износ од  500 милиони евра која доспева во јули, државните обврзници во износ од 4,68 милијарди денари и структурните обврзници во износ од 1,44 милијарди денари. Домашното задолжување во износ 23 милијарди денари, ќе се реализира преку државни хартии од вредност со истовремена отплата на државни обврзници во износ од 4,68 милијарди денари, така да нето-задолжувањето ќе изнесува 18,45 милијарди денари кои ќе бидат искористени за финансирање на потребите во тековната 2021 година како и за делумно финансирање на 2022 година. Задолжувањето во странство се реализира преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции наменети за финансирање на одделни проекти вкучително и заем од ММФ, втората транша од заемот од ЕУ за макро-финансиска поддршка во износ од 80 милиони евра која неодамна ни стана достапна, како и еврообврзницата која веќе ја повлековме, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната прес-конференција.

Според него, ребалансот е соодветен одговор на фискалната политика на тековните случувања и претставува важен чекор на патеката кон стабилизација на економијата.

– Фискалниот стимул за стопанството и граѓаните, мора да продолжи до целосно заздравување и враќање на економијата на патот на економски раст. Во таа насока е и релабансот на буџетот, истакна Бесими.

Новини во релабансот се новата потпрограма за зелен развој, нови инструменти како развојна обврзница и зелена обврзница кои ќе бидат наменети исклучиво за инвестиции и зелен развој. Наскоро се очекува да биде презентиран и Планот за финансирање на забрзаниот раст кој се очекува да овозможи нови инвестиции и работни места.

Премиерот Зоран Заев оцени дека ребалансот е поддршка за стабилна и развојна економија и насочен е кон тоа да се катализираат позитивните движења во економијата. Приоритетите ќе бидат насочени кон надминување на последиците од кризата преку зголемување на инвестициите и поддршка на компаниите.

– Економијата е стабилна. По импактот на третиот бран во првото тримесечје со умерен пад од 1,9 проценти, податоците на државната статистика покажуваат позитивни движења во економијата, истакна Заев, додавајќи дека во индустријата во март е прекинат падот на производството од претходните два месеца, а во април растот достигнал 41, 6 процент на годишна основа. Во првите четири месеци од годинава расте и искористеноста на производствените капацитети, а забележан е и раст кај трговската размена.

Поволните глобални движења се очекува позитивно да влијаат и врз движењата во домашната економија. За еден процент се очекува зголемување на бројот на вработени, а стапката на невработеност да се намали на 15,8 проценти. Проекцијата за раст останува 4,1 процент.

Next Post

Деспотовски: Новите иницијативи во образованието ќе донесат повисоки плати и повеќе млади да останат во државата

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk