ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерот Заев за Гласот на Америка: Да го решиме прашањето за Јавното обвинителство до 15 октомври

Во интервјуто што Премиерот Зоран Заев го дава за Гласот на Америка, вели дека е спремен да разговара за предвремени избори во октомври 2020 година.

September 27, 2019 16:52
in ИНТЕРВЈУ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервјуто што Премиерот Зоран Заев го дава за Гласот на Америка, вели дека е спремен да разговара за предвремени избори во октомври 2020 година. Заев е оптимист дека до 15 октомври, кога се очекува одлука на министрите на ЕУ, за доделување датум за преговори за членство во Унијата, ќе биде постигнат и договор за јавното обвинителство.

На прашањето за тоа какви се реакциите на Меѓународната заедница, за тоа што за прв пат ја претставува нашата земја како Северна Македонија, Премиерот вели:

„Привилегија е да бидете во својство на земја што е почитувана и признаена од сите. Се спомнува во говорот на генералниот секретар на Обединетите нации, на многумина лидери што се обратија овде. Чувството е пријатно. За сите претставуваме позитивен пример како низ дипломатија и дијалог се решаваат вакви отворени и чувствителни прашања.“

Понатаму, Премиерот Заев, говори и за средбата со грчкиот Премиер, со кој покрај тоа што констатирале дека дека Договорот е донесен и дека сега треба да се реализира, а преку него да го градиме пријателството и да ја зајакнеме економската соработка. Било разговарано и за меѓународната комисија за марките на самите производи, за потеклото на самите производи и дека ние инсистираме тоа да се реши побрзо. Се разговарало и за граничните премини, за интерконекторот, за економската соработка, за тоа како бизнисмените од Република Грција можат да најдат свој интерес во Република Северна Македонија, од којшто бенефит би имале двете земји.

За преговорите со ВМРО-ДПМНЕ околу законот за ЈО, Премиерот Заев покрај дугото вели:

„Тоа што меѓународната заедница го бара од нас е гаранција на иднината на предметите. Таа е загарантирана и од нас се очекува договор што ќе може да ја дозагарантира таа иднина на предметите од специјалното јавно обвинителство, како и капацитетите на самото СЈО, а тоа се јавните обвинители, службите, стручните соработници и сте што работат. Тоа е институцијата, тоа е капацитетот што треба да има своја иднина.

И, вториот дел, е домашната јавност, што е исто така многу важно. Но, сите заедно очекуваат договор којшто ќе ја догарантира иднината на сите овие аспекти, а нема да ги наруши. Договорот е поставен во своите црвени линии, така што не е дозволиво политичарите да направат нешто со што би се нарушила иднината на предметите од Специјално обвинителство, како и иднината на сите што го претставуваат капацитетот на тоа обвинителство во коешто Република Северна Македонија има вложено сериозни ресурси. Треба да го користи во иднина тој свој капацитет. Јас се надевам дека ќе изнајдеме решение, покажавме демократска зрелост, понудивме Обвинителство за гонење на висока корупција.“

Целото интервју на Премиерот Заев за Гласот на Америка, може да го погледнете, тука.

 

Next Post

Македонија се победи себе и отиде во Европа

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk