ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Наставничката Велковска: Со ИБ програмата наставникот е главен извор во наставата, учебникот е само помагало

June 9, 2021 14:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

ОУ „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром веќе седум години ја спроведува меѓународната ИБ програма која наликува на новата Концепција која ќе спроведува од септември за четврто одделенците. Тоа е програма во која учебникот не е главниот извор за стекнување знаења.

“Учениците според оваа програма истражуваат и сами пронаоѓаат решенија, ги користат материјалите од природата, повремено користат дигитални уреди и секако имаат работни тетратки, наставникот е главниот извор во наставата, а учебникот е само помагало”, вели Анета Велковска одделенски наставник од ОУ „Браќа Миладиновци“.

Учениците оваа програма навистина позитивно ја прифаќаат затоа што постојано учествуваат во тоа што го учат.

“Целта на ИБ образованието е да создаде сестрано развиени личности коишто ќе размислуваат во меѓународни рамки, да се имплементираат шесте трансдисциплинарни теми и да бидат во корелација со националната програма што значи дека тие шест трансдисциплинарни теми се надоврзуваат на целите коишто се вклучени во Националната програмa. Инаку преку ИБ програмата учениците стекнуваат знаења и развиваат хуман однос, ги почитуваат сличностите, но и разликите”, вели Велковска.

Според Велковска на учениците им се нуди стимулативна средина во која тие ќе го надградуваат своето знаење, ќе ги развиваат своите вештини и профилите на учење, ќе бидат жедни за знаење, ќе преземаат ризици, ќе се поттикнуваат, ќе развиваат емпатија и ќе бидат урамнотежени личности.

“Сето ова придонесува ученикот на еден интересен и креативен начин да истражува, биде истражувач, мислител и да ги пренесува своите знаења во понатамошното образование. Значи ги надградува знаењата и секоја учебна година преку меѓународната ИБ програма којашто се реализира спирално и наликува на оваа концепција којашто се планира да се воведе сега од септември”, вели Велковска.

Република Северна Македонија е дел од мрежата на над 145 земји во светот во кои има акредитирани училишта каде наставата се спроведува согласно престижната меѓународна ИБ наставна методологија.

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром е првото акредитирано ИБ училиште во нашата земја, кое работи според современа наставна методологија што се применува и во над 3.500 други училишта во светот.

ИБ иницира значителни промени во начинот на предавање на наставниците, подигнувајќи ја притоа креативноста и фокусот кон учениците, кои пак, се поттикнати повеќе да истражуваат, самостојно да анализираат и да доаѓаат до одредени резултати, критички да размислуваат и да го покажуваат и надградуваат својот талент.

Next Post

Денеска се регистрирани 28 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk