ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УЕФА: Македонските обележја на ЕУРО2020 се во согласност со Преспанскиот договор

June 15, 2021 17:12
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кратенката МКД, која се користи за настапот на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО2020, како и логото ФФМ (Фудбалска федерација на Македонија) на нејзиниот национален дрес, се во согласност со Преспанскиот договор, одговори УЕФА на жалбата што Грција ја поднесе до Европската куќа на фудбалот спроти почетокот на Европското првенство.

Детали од одговорот денеска објавија грчките медиуми, посочувајќи дека УЕФА во понеделникот преку својот заменик – секретар Кевин Ламур ја известила официјална Атина дека поднесената жалба од страна на шефот на дипломатијата Никос Дендиас и заменикот министер за спорт Лефтерос Авгенакис е неоснована.

Информирајќи ги членовите на надлежната парламентарна комисија, Авгенакис посочил дела УЕФА при одобрувањето на кратенката МКД се повикала на ставката од Преспанскиот договор, според кој на регистарските таблички стои кодот „НМК“, но за секоја друга потреба остануваат кратенките „МК“ и „МКД“,

– УЕФА го следи примерот на другите спортски институции, како Меѓународниот олимписки комитет (МОК), и го користи кодот МКД од Меѓународната организација на стандардизација (ISО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3Е од Договорот од Преспа, се наведува во официјалниот одговор на УЕФА до грчките власти.

Потенцирајќи дека во официјалната комуникација го користи името „Фудбалска Федерација на Северна Македонија), УЕФА и порачува на грчката страна дека нема да дозволи „Европскиот фудбал да стане платформа за размена на политички пораки“.

Изминатиот викенд, официјално Скопје преку министерот за надворешни работи Бујар Османи ги отфрли тврдењата на грчката страна за наводно кршење на Преспанскиот договор.

– Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение, и како такво не прима државни пари. Договорот од Преспа опфаќа институции кои примаат државни пари. И сè додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да се приспособи според Преспанскиот договор. Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои прашуваат зошто не е НМК, но тој код е дефиниран само за регистарските таблички, според Преспанскиот договор“, изјави во саботата Османи на прес – конференција во Скопје.

извор: МИА

Next Post

Во театарот во Стоби не може да има претстави, се додека старите мермерни седишта целосно не се реставрираат

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk