ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Светски етаблирани уметници пристигнуваат во Музејот на современата уметност

На 21 декември, во 20 часот во Музејот на модерната уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Се што ни е заедничко“. Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова. Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации, видеа, скулптури, перформанс и фотографии ќе се претстават 12 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри низ светот како Тејт, Гугенхајм, Мома Њујорк

December 13, 2019 13:02
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 21 декември, во 20 часот во Музејот на модерната уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Се што ни е заедничко“. Кураторки на поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова. Во рамки на изложбата со свои дела, уметнички инсталации, видеа, скулптури, перформанс и фотографии ќе се претстават 12 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри низ светот како Тејт, Гугенхајм, Мома Њујорк…

Па така, ќе бидат претставени дела од Хито Штејерл (Германија), Тања Бругуера (Куба), Артур Жмијевски (Полска), Џулиета Аранда (Мексико), Адриан Паци (Албаниjа), Даниел Гарсиа Андухар (Шпанија), Сања Ивековиќ (Хрватска), колективот Что Делат (Русија), Антон Видокле (Русија и САД), како и македонските уметници Христина Иваноска, Нада Прља и Ѓорѓе Јовановиќ.

„Ние сме Mузеј на современа уметност и сакаме да ja прикажеме актуелната уметничка сцена преку автори, кои денес можат да се видат во сите водечки уметнички центри низ светот. Поставката има идеолошка позадина и се занимава со теми кои пропагираат актуелни прашања кои се спротиставуваат на десничарските глобални наративи во светот денес. Ретко имаме можност да донесеме автори кои изложуваат во Тејт, Гугенхајм, Мома Њујорк… и кои се предводници на светската сцена по прашања кои отвараат ангажирани тематики. Со колешката Јованка Попова на уметниците им пристапивме непосредно и на наше големо задоволство добивме позитивни реакции. Освен што прифатија да учествуваат на изложбата, дел од нив ќе бидат и наши драги гости во Скопје, а уметницата Тања Бругуера ни подари и нејзино дело за колекцијата на музејот“, вели директорката на МСУ и кокуратор на поставката Мира Гаќина.

Во Скопје на отворањето на изложбата ќе присуствуваат уметниците Антон Видокле, кој ќе одржи и свое предавање на релевантна тема, уметниците Дмитри Виленски и Николај Олеиников од уметничкиот колектив „Что делат“, кои нивниот престој во Скопје ќе го искористат за продукција на ново уметничко дело, претставено во рамки на изложбата. Уметниците Џулиета Аранда, Артур Жмијевски, Даниел Гарсиа Андухар заедно со останатите присутни уметници ќе зборуваат за своите дела во рамки на организирана прошетка низ изложбата пред поширока публика.

Изложбата „Се што ни е заедничко“ се однесува на состојбите на несигурност во капиталистичкиот локален и глобален контекст и има намера преку анализа на конкретни уметнички дела и практики да го истражи прекаријатскиот општествено-критички произведен дискурс и неговите манифестации.

Капитализмот со неговите авторитативни политики создава свет во кој структурите на моќ непоколебливо ги поддржуваат богатите, игнорирајќи ги потребите на обесправените и маргинализираните. Неолибералната култура изобилува со јазик на иновации и новини, но културата никогаш не била подеградирана. Ако општата несигурност, која се одразува врз работата, образованието, популарната култура и менталните состојби во современото општество, произведува конзервативизам во културата, тогаш прашањата се: „Кои форми на делување и организирање може да дозволат уметноста повторно да стане возбудлива и корисна во исто време? Дали таа треба да е додаток на политиката, во смисла дека политиката може да има корист со инкорпорирање на елементи специфични за уметноста или треба да ја политизираме уметноста? Можни ли се начини за да се врати модерноста на социјални форми на акција и здружување и кои се начините на кои уметноста и културата ќе имаат удел во ова. 

Next Post

Законот за моторни возила нуди системско и неселективно решение

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk