ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Законот за моторни возила нуди системско и неселективно решение

Примерот на Хрватска каде се покажале значителни резултати со дестимулирање купување возила што загадуваат

December 13, 2019 13:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Неселективно системско решение се нуди со новиот закон за моторни возила што е во собраниска процедура, а кој треба да стапи на сила од 1 јануари 2020 година и кој воведува еколошка компонента која значи оние што загадуваат ќе плаќаат поголем данок. Висината на данокот ќе се утврди со уредба што ќе се донесе по усвојување на законот, а ќе дефинира каде колку ќе биде данокот по вредност на возилото, а колку данок по загадување. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

-Станува збор за комплетно нов закон, кој системски адресира одредено прашање, неселективно, односно зборуваме за закон на кој работеше Министерството за финансии и Царинската управа и кој треба да стапи во сила од 1 јануари. Првпат имаме ваков закон што воведува еколошка компонента и кој вели оние што загадуваат помалку ќе плаќаат помал данок, оние што загадуваат повеќе ќе плаќаат поголем данок. Претходно тоа се нарекуваше акциза и беше регулирано во Законот за акциза и сега тоа повеќе не е таму регулирано имаме нов закон за моторни возила по примерот на развиените земји, рече министерката за финансии на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

Таа додаде дека е користен примерот на Хрватска каде се покажале значителни резултати со дестимулирање купување возила што загадуваат и според министерката лесно ќе може по извесно време за шест месеци или година да се види како тоа влијаело во споредба со претходните години, дали се помалку се увезуваат возила што се поголеми загадувачи бидејќи, истакна, на крајот на денот тоа е целта.

Појасни дека била формирана работна група која работела на проценка каде ќе има најдобри ефекти бидејќи во исто време се  изработуваат различни проекти за адресирање на аерозагадувањето и заштита на животната средина и дека средствата треба да се инвестираат најдобро со системско решение и каде нема да биде начинот селективен и нема да реши ништо на долг рок.

Предлог законот за моторни возила е влезен во собраниска процедура и денеска е на дневен ред на седница на Комисијата за финансирање и буџет.

Next Post

Живаљевиќ, потстанарот на Героски

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk