ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери-Шентоп: Одржувањето на интензивна комуникација на високо ниво меѓу државите, силно придонесува за унапредување на севкупните билатерални односи

June 23, 2021 10:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на маргините на Осмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржа на 22 јуни 2021 година во Анталија, оствари билатерална средба со г. Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Турција.

Претседателот Талат Џафери му честиташе на претседателот Шентоп за успешното претседавање на Турција со ПСЈИЕ која претставува прва автохтона регионална форма за соработка и автентичен глас на регионот кој промовира вредности за зачувување на мирот и стабилноста, преку градење на добрососедски односи и унапредување на регионалната соработка.

Тој истакна дека одржувањето на интензивна комуникација на високо ниво меѓу државите, силно придонесува за унапредување на севкупните билатерални односи. Соработката меѓу двете земји на политички план е со голем интензитет, со бројни средби на сите нивоа. Северна Македонија и Турција споделуваат заеднички вредности за мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка. Претседателот на Собранието изрази благодарност што Република Турција е силен подржувач на Република Северна Македонија и позитивно ги вреднува реформските процеси и унапредувањето на добрососедските односи., Понатаму тој посочи  дека Северна Македонија е цврсто посветена заедно со Турција да ги промовира и споделува заедничките вредности и одговорности на НАТО, како 30-та земја-членка на Алијансата.

Претседателот Џафери укажа дека интензивните и добри односи отвораат простор за уште поинтензивна економска соработка меѓу двете земји, имајќи предвид дека Турција е меѓу најзначајните трговски партнери на нашата држава и еден од најголемите инвеститори.

Во однос на формирањето на Постојаниот секретаријат на ПС на ПСЈИЕ, претседателот Џафери истакна дека треба да се продолжи со напорите за решавање на ова прашање на констуктивен и плоден начин веднаш по завршувањето на парламентарните избори во Бугарија  и да се  изнајде компромис за конечно решавање на ова прашање.

Претседателот Шентоп изрази задоволство од учеството на претседателот Џафери на Осмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ и потсети на важноста на ПСЈИЕ како главен политички форум во регионалната соработка и фактор за безбедност, стабилност и просперитет во ЈИЕ. Тој истакна дека покрај цврстото пријателство и плодната соработка, Република Северна Македонија и Република Турција ги поврзуваат историски и културни врски. Посочи дека Република Северна Македонија е пример во регионот како може да се гради општество каде егзистрираат различни етнички групи, култури и  јазици.

Понатаму тој укажа дека здравствената состојба на населението со Ковид 19 со која се соочил целиот свет покажува колку е потребна заедничка соработка меѓу државите со цел надминување на предизвиците. Со хуманитарна дипломатија Турција направила напори да ги ублажи последиците од пандемијата и дека таа соработка ќе продложи и во иднина.

На крајот соговорниците се согласија дека билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство, меѓусебно разбирање, партнерство и активна соработка во бројни полиња од заемен интерес.  Добрите и пријателски односи меѓу двете земји се пресликани и во плодната парламентарната соработка која ќе продолжи и во иднина. Двајцата претседатели упатија срдечни поздрави до сите пратеници на двата парламенти со надеж дека соработката во иднина ќе биде уште поконстриктиван и поплодна.

 

Next Post

Османи најави нова регионална иницијатива за соработка на државите од Западен Балкан

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk