ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи за Радио Слободна Европа: Граѓаните се солидаризираат со Македонците поради директниот атак врз националните атрибути

June 27, 2021 11:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ако има еден колатерален позитивен ефект од оваа блокада, тоа е дека граѓаните се сплотија во солидаризирање во случајот кон македонскиот народ, бидејќи на некој начин под директен атак се неговите национални атрибути и тука се покажа вистинската слика на Република Северна Македонија за која што треба да се гордееме, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Во интервјуто, Османи нагласува дека се додека одлуките за проширување се носат со консензус, Бугарија може да не блокира за кое било прашање, па дури и за тоа дали реката Вардар е чиста или не.

На прашањето, за што точно се разговара со Бугарија, Османи вели дека прашањето е комплексно и посочува дека во предлог преговарачката рамка даден од комисијата до земјите членки, Бугарија спори три прашања – името, јазикот и гаранцијата за спроведување на договорот.

– Тоа се прашања кои ги третира Португалското претседателство со последниот предлог кој што ние го сметаме како добра основа за надминување на разликите и работиме сите заедно во однос на тој предлог, вели Османи.

Во преговарачката рамка, појаснува Османи, има една реченица со техничко значење во која што стои дека „акито“ ќе се преведе на македонски јазик.

– Бугарија смета дека треба да се користи формулацијата од Договорот од 2017 година која што беше една реципрочна билатерална формулација за јазикот во кој што бугарскиот јазик беше напишан како бугарски јазик според Уставот, а македонскиот беше напишан како македонски јазик според Уставот или вториот пристап да се дефинира историскиот контекст на создавање на јазикот во некој билатерален договор. Така што да, спорен од нивната страна е тој момент за кое што Португалското претседателство има решение за кое ние сметаме дека е добра основа, вели Османи.

Јазикот, нагласува, никогаш не бил предмет на некакви билатерални разговори од наша страна.

– Ние, да, сме прифатиле да разговараме за краткото име, оти навистина ако има потреба од дополнителни објаснувања дека краткото име не се реферира на историскиот регион чиј дел е денес и во Бугарија и дека немаме никакви територијални претензии во името на државата, или, пак, да дадеме дополнителни гаранции во смисла на европски мониторинг во имплементација на договорот наспроти тоа што го имаме сега, а тоа е билатералниот мониторинг преку меѓувладината комисија, но никогаш не сме прифатиле да разговараме за јазикот бидејќи тоа е прашање што е право на секоја држава во рамки на своето самоопределување, вели Османи.

Португалското претседателство, појаснува Османи, има предлог со кој може да се адресираат одреден чувствителности коишто ги има бугарската страна и да ја задржи својата позиција, меѓутоа ние не сме прифатиле да се разговара за тоа прашање во мултилатерален контекст.

извор: МИА
Next Post

Пладневен преглед: Пристигнаа првите вакцини „Синовак“, целосен договор со Бугарија е можен во септември

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk