ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Цените на нафтата на светските пазари достигнаа највисоки нивоа во последните 2,5 години

June 28, 2021 10:11
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела повторно се зголемија, петти пат по ред, достигнувајќи ги највисоките нивоа во повеќе од две и пол години, бидејќи трговците очекуваат раст на побарувачката на нафта, со оглед на континуираното закрепнување на најголемите светски економии, пренесува МИА.

На лондонскиот пазар, цената на барелот минатата недела скокна за 3,6 проценти, на 76,18 долари, додека на американскиот пазар, барелот порасна за 3,4 проценти, на 74,05 долари.

Скокот на цените на нафтата на највисоките нивоа од октомври 2018 година се должи на очекувањата дека побарувачката ќе расте побрзо од понудата и дека водечките производители ќе бидат внимателни во постепено зголемување на производството.

-Цените на нафтата последните недели постојано ги оддржуваше глобалниот пад на залихите, бидејќи побарувачката и натаму бавно расте, иако прилично нерамномерно. Залихите на нафта во наредниот приод треба дополнително да се намалат така што очекуваме цените на нафтата во третиот квартал да продолжат да растат, изјави аналитичарот на УБС Џовани Стауново.

Поддршката на пазарот стигна и со веста дека американскиот претседател Џо Бајден се договори со сенаторите да се инвестираат 1.200 милијарди долари во инфраструктурни проекти, што предизвика оптимизам за изгледите за побарувачка на енергија.

Прифатените проекти сочинуваат речиси две третини од парите што Бајден ги побара и вклучуваат 312 милијарди долари во инвестиции во транспортни проекти како што се патишта, мостови и аеродроми и 266 милијарди долари во други проекти, како што се инвестиции во водовод и широкопојасен интернет .

Зголемувањето на цените се должи и на податоците што покажуваат дека најголемите светски економии стабилно закрепнуваат од коронакризата.

Next Post

Јули во Кинотека: Филмска жетва во златниот месец – од музички документарци, оскаровци до стари добри класици

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk