Во својот поздравен говор на онлајн конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“ имплементирана од Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“, поддржана од Фондацијата за слободата „Фридрих Неуман“, министерката за образование Мила Царовска истакна дека критичкото мислење и медиумската писменост се исклучително важни во борбата со лажните вести.
„Сведоци сме дека целиот свет се бори против лажните вести. Во оваа борба сакаме да создадеме генерации кои ќе имаат алатки против нив. За таа цел презедовме чекори да ја воведеме медиумската писменост во основно образование и да ги научиме најмладите да ги проверуваат информациите. Тоа е критичкиот столб за градење на едно демократско граѓанско општество.
„Оваа платформа е отворена и ќе остане отворена со цел секој чинител да си го пронајде своето место и за да се обезбеди демократска и вредносна брана од опасностите кои ги носат дезинформациите”, подвлече Забрчанец.
Во своето излагање тој исто така истакна дека се залага за пресврт, односно за промена во јавниот наратив со цел охрабрување на населението и доминација на свеста и фактите над дезинформациите.
„Дезинформациите прават штета, но не смееме да им придаваме повеќе моќ отколку што реално имаат. Не велам дека треба да ги потценуваме центрите за манипулација, но да не дозволиме да нè втурнат во страв и несигурност.
„Сакам да ја изразам нашата подготвеност да бидеме партнери на академската заедница, на граѓанскиот сектор и медиумите, со цел заеднички да ги унапредуваме граѓанските вредности“, истакна Забрчанец.
На онлајн конференцијата во сесијата „Одбрана на демократијата од дезинформации“ свое излагање имаше и Илија, Жупаноски, советник на премиерот за дигитални комуникации на Владата на република Северна Македонија.





