ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЖСПП: Успешен прв состанок на високо ниво согласно Договорот за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа

June 29, 2021 14:18
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска се одржа првиот состанок на кој претставниците од високо ниво на трите држави: Северна Македонија, Албанија и Грција согласно Договорот за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа се договараа за начинот на кој ќе соработуваат во заштитата на заедничкото природно наследство, Преспанското Езеро. Почетен импулс на патот кон имплементација на Договорот, во своите обраќања дадоа министрите за животна средина на Република Северна Македонија Насер Нуредини, на Албанија, Бленди Коси и на Грција Костас Скрекас како и високиот претставник на Европската Комисија во РСМ, амбасадорот Дејвид Гир.

Министрите и амбасадорот изразија силна волја за решавање на прашањето со Преспанското Езеро и разговараа за следните чекори кои ќе бидат преземени од трите страни, односно за потребата од заедничка хидробиолошка студија, воспоставување на мониторинг систем, јакнење на капацитетите и развој на одржливо земјоделство и локален брендинг, како и развојот на алтернативниот и екотуризмот.

„Драго ми е што конечно успеавме, дури и во време на здравствени и економски предизвици, да ја отпочнеме заедничката работа на трите крајбрежни земји и да вложиме напори за подобрување на алармантната состојба со Преспанското Езеро. Знаеме дека состојбата е загрижувачка и бележи ваков тренд со децении, но знаеме и дека прашањето може да се реши само доколку сите работиме координирано и заедно кон целта. Климатските промени, силниот антропоген притисок, земјоделството, инвазивните видови, се само дел од заканите, но ова е моментот кога ние можеме да покажеме дека имаме волја да го зачуваме ова природно богатство не само за нас, туку и идните генерации“ – рече министерот Нуредини на средбата.

Тројцата министри се согласија на брзо свикување на работните тела за разговарање на клучните прашања и на техничко ниво и конечно имплементирање  на интегриран пристап, а амбасадорот Гир најави програма на ЕУ за Преспа во вредност од 18 милиони евра за Северна Македонија.

Договорот за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа е потпишан на 2 февруари 2010 година, а стапи на сила на 29 мај минатата година. Трите земји членки, како и ЕУ како страна на договорот, ги номинираа своите членови во работните тела и ова е првиот состанок на високо ниво одржан за започнување на имплементацијата на Договорот.

Договорот опфаќа сегмент на високо ниво кој се одржа денеска, како и Преспа Парк Управувачки комитет и Работна група за води на техничко ниво, во кои учествуваат претставници на стручно и техничко ниво од централната и локалната власт, како и граѓанскиот сектор.

Next Post

Шабани: Грижата за наследството на Блаже Конески е нашиот долг кон великанот

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk