ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски и Бесими: Преку реформи во финансиското управување и контрола до подобар систем и успешна борба против корупцијата

June 29, 2021 15:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Преку реформи и зајакнување на законската рамка и механизмите за финансиско управување и финансиска контрола во јавниот сектор, ќе се придонесе кон креирање на подобар систем, кон реформи во јавната администрација и успешно спроведување на мерките за борба против корупцијата. Ова беше истакнато денеска на конференцијата на која учествуваа вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за финансии Фатмир Бесими, на тема „Поддршка на развојот на сметководството и ревизијата и синергија“ (“Supporting Accounting and Auditing Developments and Synergies”), а во организација на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy – CIPFA) од Велика Британија и CEF (Centre of Exellence in Finance) од Словенија. Вицепремиерот Николовски истакна дека борбата против корупцијата и криминалот е и меѓу клучните на Владата и како резултат на тоа, за прв пат, се подготви и усвои План за борба против корупцијата, кој содржи системски мерки за длабоки реформи во општеството.

„Северна Македонија застана цврсто и одлучно, преку своите институции да ги детектира слабостите и да се спротивстави на ова зло, преку бескомпромисно и неселективно дејствување. Дел од мерките што ги преземаме како Влада, се во насока на конструирање на системски решенија, со коишто се превенира и спречува корупција, но и се обезбедува транспарентност во трошењето на јавните средства. Управувањето со јавните средства треба да биде во насока на исполнување на потребите на граѓаните и рационално трошење на буџетските средствата”, изјави вицепремиерот Николовски.
На конференцијата вицепремиерот Николовски, ги презентираше дел од владиниот План за борба против корупција, во делот на јавните набавки, дигитализацијата на процесите, подготовката на предлог Закон за потекло на имот, подигнување на нивото на транспарентност.
Министерот за финансии Бесими посочи дека сега е вистинско време да се засили интензитетот на активностите за развој на финансиско управување и контрола во врска со буџетскиот циклус во сите негови фази: планирање, програмирање, подготовка на финансиски план, извршување, сметководство и известување. Сето ова е важно да се поддржи со воспоставен силен и независен процес на ревизија, кој ќе обезбеди повратна информација за извршените трошоци, како и резултатите од спроведените програми, односно активности и проекти.

„Со донесувањето на новиот Закон за буџети и новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, кои се наоѓаат во собраниска процедура на донесување, очекуваме да се обезбеди потребната законска рамка за спроведување на реформските чекори во системот за управување со јавните финансии во Република Северна Македонија. Преку регулирање на целокупниот буџетски процес, односно постапката за подготовка и донесување на буџетот, извршување на буџетот, завршните сметки и системот за известување, планираме да придонесеме во развојот и на системот на внатрешни финансиски контроли кој не е изолирана активност, туку напротив, процес кој ќе придонесе и во спроведувањето на реформите во областа на јавната администрација и на мерките за борба против корупцијата“, рече Бесими.

Бесими најави и реформа во областа на буџетското сметководство, согласно која расходите ќе се евидентираат во моментот на настанување на деловниот настан во извештајниот период, а не во моментот на плаќање, а приходите и понатаму ќе се признаваат во моментот на наплатата. Овој концепт на евиденција ќе овозможи пореално и поажурно следење на неподмирените обврски кај буџетските корисници, а ова начело ќе се примени и во системот на државниот трезор преку имплементацијата на новиот Информациски систем за управување со финансиите.

Next Post

Нови 100 милиони евра евтини кредити за стопанството

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk