ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Северна Македонија и ЕУ

June 29, 2021 16:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Северна Македонија и Европската унија денеска го одржа својот 18-ти состанок во витртуелен формат, на кој беше поздравена одлуката донесена едногласно од земјите-членки на ЕУ во март 2020 година за отворање на пристапните преговори со земјава.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, на состанокот, што го водеа државниот секретар за прашања поврзани со ЕУ, Калинка Габер и вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, беше истакната важноста на усвојувањето на Преговарачката рамка од страна на Советот и одржувањето на првата меѓувладина конференција што е можно поскоро.

– Комитетот за стабилизација и асоцијација направи преглед на постигнатиот напредок и ги повика сите политички партии и националните чинители заеднички да работат на одржување и зајакнување на политичкиот дијалог. Тоа охрабри континуирана имплементација на агендата поврзана со ЕУ, вклучително и во клучните области како што се судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, безбедносните служби, јавната администрација, на инклузивен и транспарентен начин, се наведува во соопштението.

Комитетот, исто така, ја нагласи улогата на Собранието во овој поглед како форум за конструктивен политички дијалог, посочувајќи дека адресирањето на преостанатите препораки на ОБСЕ / ОДИХР, на транспарентен и инклузивен начин, ќе биде исто така важно пред следните избори.

– Комитетот за стабилизација и асоцијација го поздрави усвојувањето на стратегиите за човечки ресурси за обвинители и судии, нагласувајќи ја потребата за нивно спроведување. Усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси и напорите за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата беа нотирани. Комитетот за СА потсети на важноста да се осигура дека сите институции задолжени за борба против корупција да им бидат обезбедени потребните ресурси за извршување на нивниот мандат, се додава во соопштението.

На состанокот на Комитетот е направен преглед на состојбата во врска со политичките и економските критериуми, усогласувањето со законодавството на ЕУ, како и спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, при што се потенцирани тешките околности создадени од пандемијата со КОВИД-19 и напредокот што беше постигнат во текот на годината во унапредувањето на реформите на ЕУ, особено во основните области, препораките во извештајот на Комисијата за 2020 година и заклучоците на поткомитетите на СА, како и насоките дадени во контекст на Програмата за економски реформи.

– Во согласност со заклучоците на Советот на ЕУ во март 2020 година, делегациите потврдија дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација, се истакнува во соопштението на Делегацијата на ЕУ во земјава.

извор: МИА

Next Post

Билатерални одбранбени консултации меѓу Северна Македонија и САД

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk