ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи на средба со странските инвеститори: Сите економски политики се креираат во инклузивен процес, за унапредување на бизнис климата и побрз и одржлив економски развој

June 30, 2021 16:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денес оствари средба со претставници на компании-членки на Советот на странски инвеститори и Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, која се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија. На седницата присуствуваа и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески, како и претставници од други министерства и Владини агенции и дирекции кои обработуват теми поврзани со странските инвестиции.

Вицепремиерот потенцираше дека Владата континуирано работи на подобрување на климата за водење на бизнис во земјата, преку креирање на соодветни стретегии, политики, програми и конкретни мерки со кои се подобрува конкурентноста на економијата и компаниите и се работи на создавање на услови за побрз и одржлив економски раст и развој.

„Сите стратегии, политики и мерки ги донесуваме во инклузивен процес, вклучувајќи ги сите засегнати страни. За нас како Влада е особено важно да ги слушнеме и разбереме потребите на стопанството и на граѓаните и токму по однос на тие потреби да ги димензионираме владините политики. Само мерки кои се носат преку широки консултации, носат вистински резултати“, посочи Битиќи во воведното излагање пред претставниците на странските компании кои работат во земјата.

Преку директна комуникација со вицепремиерот Битиќи, присутните имаа можност да ги претстават предизвиците со кои се соочуваат при нивното работење и да се дискутираат евентуални решенија кои би биле во заеднички интерес на сите страни.

На состанокот се дискутираа предизвиците со кои се соочуваат странските компании, поврзани со влијанието на глобалната економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19, прашања поврзани со царинскиот тарифник и со даночниот систем, за недела неработен ден, како и други прашања од тековното работење на странските компании.

Владините претставници изразија подготвеност за изнаоѓање на соодветни системски решенија со  кои дополнително ќе се помогне на стопанството за побрзо надминување на последиците од кризата предизвикана од пандемијата, но и за понатамошното унапредување на условите за водење на бизнис во насока на остварување на целите на Владата за привлекување на нови странски и домашни инвестиции и поттикнување на нови инвестиции од странските и домашни компании, а со тоа да се овозможи побрз и одржлив економски раст и развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Next Post

Португалската кривина на патот кон ЕУ

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk