ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Анкета: Паѓа поддршката за Бајден меѓу неговите сопартијци

June 30, 2021 19:09
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пад е регистриран на поддршката за американскиот претседател Џо Бајден од април досега, главно од сопартијци – членови на Демократската партија, додека неговата администрација се бори со Конгресот да ги исполни предизборните ветувања, а повеќе Американци се грижат за нестабилно економско закрепнување. Тоа се резултати од новата анкета на Ипсос за Ројтерс.

Анкетата спроведена помеѓу 11 и 17 јуни покажа дека Бајден е се уште попопуларен од неговиот претходник републиканецот, Доналд Трамп: 55 отсто од возрасните го одобруваат работењето на Бајден во Белата куќа, а на 65 отсто им се допаѓа неговиот одговор на пандемијата на коронавирусот.

Во ова време, пред четири години, околу 36 проценти од возрасните ја одобруваа работата на Трамп.

Сепак, се повеќе Американци не го одобруваат лидерството на Бајден во однос на економијата, насилството со оружје и оданочувањето, а најголемиот пад е кај Демократската партија на Бајден, особено кај луѓето на возраст под 40 години, демократите кои не се белци или оние кои не завршиле колеџ.

Економијата ги замени здравството и инфекциите како најголема грижа, при што скоро четвртина од анкетираните возрасни идентификуваа како најважен проблем. Повеќето Американци се загрижени за зголемувањето на трошоците за живот, а јавноста е скоро подеднакво поделена околу тоа колку треба да стори владата за да ги подобри работите.

Четириесет и осум отсто од испитаниците одговориле дека одобруваат водење на економијата на Бајден, што е за 4 поени помалку од сличното истражување спроведено во април. Бројот на Американци кои не ги одобруваат постапките на Бајден во економијата се искачи за 4 поени на 43 отсто.

Само 35 отсто анкетирани веруваат дека американската економија оди во вистинска насока, а 44 отсто велат дека се „многу загрижени“ дека цените ќе продолжат да растат, покажува анкетата.

Кај демократите, 78 отсто се изјасниле дека ја одобруваат економската програма на Бајден, што е за 7 поени помалку од април, додека бројот на демократите кои не го одобриле неговиот економски план се зголеми за 6 поени на 15 отѕсто. Ова вклучува пад на одобрувањето за 11 проценти кај демократите на возраст под 40 години

Во меѓувреме, бројот на Американци што го одобруваат ставот на Бајден во врска со насилството со оружје падна за 8 отсо на 11 проценти меѓу демократите од април до јуни.

извор: МИА
Next Post

Жителите на скопски Расадник побараа да престане бетонизацијата на Кисела Вода

НАЈНОВО

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, но граѓаните нема да подлегнат

October 27, 2025

„Скопје Синема Сити 2025“: Холандија во фокус и награда за Антон Корбајн

October 27, 2025

Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk