ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средната оценка од двата екстерни испита на државната матура е 3.61

July 5, 2021 13:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Средната оценка од двата екстерни испита на државната матура во јуни 2021 (5 и 11 јуни) е 3.61 и е подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше  3.48.

Резултатите од тестовите на речиси 15.300 матуранти кои полагаа  минатиот месец денеска на прес-конференција ги соопшти директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска, а од 12 часот тие се објавуваат на огласните табли во училиштата и во системот matura.gov.mk.

Наумовска рече дека преведено во оценка, резултатот од оваа матура е многу добар (4) за разлика од предминатата година кога оценката беше добар (3). Тоа покажува, рече таа, дека матурантите и покрај отежнатите услови, успеале да постигнат повисоки резултати и покажале дека тоа е возможно и со онлајн-наставта. Притоа посочи дека на оваа генерација матуранти им е излезено во пресрет и полагаа по скратени испитни програми.

Од испитот по македонски јазик и литература просечната оценка е 3.93,а полагале 10 647 матуарнти (во 2019: оценката била 3.69). Албански  јазик и литераатура средна оценка е 3.59, полагале 3.873 (во 2019:  3.85); турски јазик и литература постигната е средна оценка 3,57 од 253 матуранти кои полагале (во 2019: 3.73), средниот успех по англиски јазик  е 2,82 од 13.033 што полагале (во 2019 успехот бил 3.07); француски јазик полагале 31 ученик и постигнале просечна оценка 4.58, а пред две години успехот бил 4.61; германски јазик полагале 135 со средна оценка 4.56 (во 2019 е постигната 4.41), руски јазик полагале 18 матуранти и е постигната перосечна оценка  4.78 за разлика од 4.07 во 2019 година.

Математика полагале 1510 матуарнти  и постигнале среден успех од 4.07, што е подобро од 2019-та кога е постигнат 3.66. Во уметничките училишта вториот екстерен беше филозофија односно естетика. Филозофија полагале 13 матуранти и е постигната средна оценка  4.23 (во 2019 успехот бил 3.89) и естетика полагале 63 и постигнале просечна оценка 4.03 за разлика од 4.38 пред две години.

Само двајца ученици пријавиле дека се спречени поради изолација да полагаат и еден се јавил за дополнителниот рок што ДИЦ го овозмои на крајот на јуни.

Матурантите имаат право на приговор во рок од три дена односно до среда, со уплата од 1.500 денари. Новина е што на matura.gov.mk има достапни формулари и информации како да ги достават приоговорите, односно тие се доставуваат до училиштето, кое скенирано ќе ги внесе во е-систем и ќе ги достави до ДИЦ.

Од среда комисии на ДИЦ ќе ги разгледуваат приговорите  и на 12 јули ќе бидат соопштени конечните резултати од јунската испитна сесија.  За тие што нема да достават пригвоори, овие ќе бидат конечни резултати.

Тие што ја положија матурата ќе може да се запишуваат на факултет, а за оние што не ја положиле или не во целост, следната сесија за полагање на екстерните испити е на 11 и 13 август. Наумовска на прес-конференцијата соопшти и дека ДИЦ подоготвва нова концепција за државна матура што би се применувала од идната учебна година.

Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. Поради пандемијата минатата година не беше организирана, а оваа година по компромисот помеѓу Средношколскиот  сојуз и Владата, на матурантите им беше овозможено да полагаат два наместо три екстерни испити и по скратени наставни програми. Покрај екстерни, тие имаа и два интерни предмета и проектна задача.

Next Post

РКЕ: Трговците во рок од 90 дена ќе мора да достават доказ дека ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk