ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Маркит“: Економијата во еврозоната во јуни со најсилен скок во последните 15 години

July 5, 2021 17:22
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Економијата во еврозоната во јуни порасна најбрзо во последните 15 години благодарение на вакцинацијата против Ковид-19 и ублажувањето на мерките против коронавирусот, што ја зголеми силната побарувачка за стоки и услуги, покажа истражувањето на компанијата „Маркит“, што денеска беше објавено.

Индексот за набавка во приватниот сектор во еврозоната (ПМИ) во јуни нарасна за 2,4 поени, на 59,5 поени, што е највисоко ниво од јуни 2006 година, соопшти „Маркит“, зголемувајќи ја неговата вредност за 0,3 поени.

Активностите во индустријата дополнително се забрзаа во јуни, а секторот услуги го забележа својот најсилен раст во последните 14 години благодарение на забрзаното вакцинирање и олеснување на корона мерките, забележува лондонската компанија за собирање и обработка на економски податоци.

Засилена е и домашната и странската побарувачка, особено во индустријата, која забележа најсилен прилив на странски нарачки од септември 2014 година, кога „Маркит“ почна да го следи овој индикатор.

-На компаниите се потешко им е да го следат силниот раст на побарувачката, делумно поради недостигот на работна сила, што значи поголема моќ во одредувањето на цените, посочува главниот бизнис економист на „Маркит“, Крис Вилијамсон.

Недостигот на работна сила и капацитет што беше проследен со повисоки цени на комуналните услуги, стоките и горивата, резултираше со најголем скок на трошоците во работењето во последните речиси 13 години, забележува „Маркит“.

-Инфлациските притисоци не се ограничени само на индустријата, забележува Вилијамсон, истакнувајќи дека поради повисоките трошоци, компаниите во услужниот сектор најмногу ги зголемија цените во последните над 20 години, што сигнализира зајакнување на инфлациските притисоци врз поширока основа.

Бизнис лидерите се оптимисти во предвидувањата за следните 12 месеци, покажува извештајот на „Маркит“.

-Бранот оптимизам дека најтешкиот дел од пандемијата е зад нас ги зголеми очекувањата на компаниите на највисоко ниво, што е добар знак и сигнализира дека растот може дополнително да се зајакне во наредните месеци, заклучува Вилијамсон.

 извор: МИА
Next Post

Борис Џонсон на 19 јули планира да укине многу од мерките против коронавирусот

НАЈНОВО

Фото генерирано со ВИ

Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

October 31, 2025

Возачот кој удри малолетничка на ул. „Перо Наков“ во Скопје и избега од местото на настанот е приведен

October 31, 2025

Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk