ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бочварски: Зелените коридори успешен пример за регионална соработка

July 7, 2021 13:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата за „зелените коридори“, промовирана во регионот на Западен Балкан за време на здравствената криза, како привремен и брз одговор на тековната здравствена вонредна состојба, имаше за цел спречување на недостиг на неопходна стока и медицинска опрема.

„Оваа иницијатива се покажа како еден од најуспешните примери за регионална соработка. Нејзиното главно достигнување за зачувување на трговските текови во регионот, не само што имаше значителни економски придобивки, туку се покажа многу практични во однос на решавањето на итните потреби на населението во време на пандемијата“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, во рамки на министерскиот совет на Брдо кај Крањ.

На Министерскиот совет покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министрите за транспорт на земјите од регионот, потписнички на Договорот за транспортна заедница, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Србија и Република Црна Гора, како и претставници на Секретаријатот на Транспортната заедница и Европската комисија. Тема на разговорите на Советот беа состојбите во транспортниот сектор во регионот, идните планирани активности, можноста за проширување на концептот „зелени коридори“ заради олеснување на транспортот со соседните земји членки на Европската Унија и безбедноста на патиштата. Во рамките на своите заложби, потенцираше министерот Бочварски, Владата активно работи на формирање на Агенција за безбедност која ќе има цел зголемување на нивото на безбедност во транспортот преку воспоставување сигурен и безбеден транспортен систем за сите корисници. Во рамки на Министерскиот совет, министерот Бочварски одржа билатерална средба со министерот за инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу, на која било разговарано за . изградбата на автопатот Скопје-Блаце, како и плановите во однос на изградба на заедничка железничка гранична станица.

Исто така министерот Бочварски оствари и работна средба со министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија, Томислав Момировиќ. На средбата двајцата министри разговараа за модернизација на патниот и железнички Коридор 10, како и изградбата на заедничката железничка станица на Табановце.

Д. Е.

Next Post

Филипче најави можни мерки на границите при влез во земјава поради делта сојот

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk