ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Над 130 компании и 500 домашни изведувачи опфатени со петтиот пакет мерки за индустријата за организирање на настани

July 7, 2021 18:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири во име на Владата денеска потпишаа договори со 33 компании со проекти за финансиска поддршка на индустријата и операторите за организација на настани, со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, соопштија од прес-службата на Владата.

Задоволство ми е што денеска ги потпишуваме договорите кои се однесуваат за финансиска поддршка на индустријата и операторите за организација на настани, со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува еден значаен јубилеј – 30 години независноста на Северна Македонија. Со оваа одлука, за одобрување на средства од Буџетот на државата во висина од 61 милион и 499 илјади денари, односно околу еден милион евра, наменети за реализација на проекти на 33 компании од оваа дејност, успешно заокруживме постапка со која се помогнати не само економските оператори за организација на настани туку и голем број на домашните изведувачи и подизведувачи кои беа директно погодени од пандемијата во последните година и половина, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој додаде дека јавниот повик е мерка од петтиот сет и не е единствената поддршка која Владата ја обезбедува за индустријата за организација на настани.

– На вчерашната Владина седница, усвоивме и одлука за мерка од шестиот пакет, која се однесува за директна финансиска поддршка на компаниите од индустријата, за директна финансиска помош во износ од 15.443.661 денари кои ќе бидат исплатени на трансакциските сметки на компаниите кои ги исполнија критериумите, истакна Битиќи.

Генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири се надоврза на обраќањето на заменик-претседателот на Владата Битиќи и изрази задоволство од бројот на апликациите и од квалитетот на понудената содржина во проектите.

– Навистина ми претставува задоволство да соопштам дека согласно одлуките, со овој повик ќе се поддржат 33 проекти и 33 компании носители на проектите, најмалку петстотини изведувачи на јавните настани, најмалку 130 компании подизведувачи. Јас можам во оваа прилика да кажам дека одзивот не само што беше голем, туку и содржински целосно ги исполни нашите очекувања и планови, потенцираше Зеќири.

Тој уште додаде дека несомнено дадените насоки биле инспирација за многу од компаниите што аплицираа и дека тоа е видливо од шареноликоста на понудените содржини кои на граѓаните ќе им овозможи лето за паметење со свечени настани, фестивали, концерти, проекции, изведби, работилници, изложби, претстави, конференции, сесии, спортски и друг тип настани од јавен карактер, како дел од програмата со која најдостојно ќе се одбележи големиот јубилеј – 30 години независност на Северна Македонија.

извор: МИА
Next Post

ЕУРО2020: Финалето на „Вембли“ ќе се гледа и на „Олимпико“ во Рим

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk