ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во првата половина на 2021 вкупно 151 дојава на СОС линијата за деца и млади

July 9, 2021 14:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на првата половина од 2021 година, на СОС линијата за деца и млади добиени се вкупно 151 дојава. Вкупниот број деца и млади кои се опфатени со дојавите изнесува 223, а дополнително се остварени 226.

Од 223-те деца и млади се опфатени со дојавите, а од нив 99 се машки, сто женски деца, а за 24 деца не е познат полот. Споредбено со првата половина од 2019 година, кога имало 50 дојави и 2020 година, 115 дојави, бројот на дојавите е зголемен за три пати во однос на 2019, односно за една третина во однос на 2020 година, покажуваат наодите од работата на СОС телефонот за деца и млади при Детската амбасада Меѓаши, што денеска беа презентирани.

– И оваа година административниот фиксен број на Детската амбасада Меѓаши беше најчесто користен канал за комуникација, поточно примени се 133 дојави преку овој број. Најголемиот број од децата или 197, живеат во урбана средина, 20 деца живеат во рурална средина, а шест е непознато во каква средина живеат. Бројот на јавувачите од руралните средини, како и во претходните години, останува многу мал во однос на бројот на јавувачите од урбаните средини, велат од Меѓаши.

Од амбасадата додаваат дека, можна причина за малиот број на пријави од руралните средини може да биде неинформираноста на луѓето коишто живеат во руралните средини во врска со правата на децата, начинот и постапката за нивна заштита, како и недоволното промовирање на СОС-линијата во овие средини. Секако, меѓу причините е и фактот дека најголем дел од населението живее во урбана средина.

За 223 деца постои можно прекршување на едно или повеќе детски права, а како најчести прекршувања се наведени семејните односи, односно прекршување на правото на детето за видување со едниот родител при бракоразводни постапки и непочитување на решенијата од центрите за социјална работа, а веднаш потоа се пријавите за прекршувањата на правата на детето при насилство, меѓуврсничко насилство, физичко насилство, ментално и емоционално насилство, занемарување негрижа, сексуално насилство.

– На трето место по зачестеност е прекршување на правото на пристапност до институции, социјални, здравствени и други услуги, потоа проблеми поврзани со ментално здравје, училиште и физичко здравје. Кај голем дел од дојавите пријавениот проблем е комплексен и може да се регистрира во повеќе категории, со што бројот на засегнати деца по категорија на проблем е поголем од бројот на деца кои се опфатени на кои се однесуваат дојавите бидејќи едно дете се брои повеќе од една, односно од бројот на категории во кое е регистриран проблемот, велат од Детската амбасада.

Во однос на преземање активности за решавање на проблемите, од Меѓаши истакнаа дека се остварени контакти и соработка со други организации, служби и институции и во најголем број соработката била успешна и било најдено решение.

Тимот на СОС-телефонот најчесто соработувал со центрите за социјална работа, Интервентиот тим при скопскиот Центар, како и центрите од другите градови, Секторот за внатрешни работи, училишта, Здружението на млади правници, Коалицијата за правично судење, Прв семеен центар како и други чинители и организации заради давање подобра и поефикасна поддршка на јавувачите.

– Со нашето долгогодишно искуство во соработката со центрите за социјална работа имавме можност да увидиме дека огромниот број случаи и недоволниот број на човечки ресурси кои треба да бидат вклучени во активно водење и следење на еден случај е клучниот проблем за ненавремено постапување и заштита на децата, додаваат од Амбасадата.

Како дополнителен проблем, Меѓаши го посочи немањето обуки на вработените во постапување со деца, како и мерките што ги има центарот во негова надлежност. Тие велат дека секогаш се отворени за соработка, насоки и поддршка со цел да се помогне и подобри ситуацијата.

извор: МИА

Next Post

Џафери: Сребреница да не се заборави и никогаш да не се повтори

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk