ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска – Панајотопулос: Северна Македонија и Грција се искрени и посветени сојузници во НАТО

July 13, 2021 17:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Довербата меѓу Северна Македонија и Грција од ден на ден сè повеќе расте – беше заклучено на денешната средба меѓу министерката Радмила Шекеринска и министерот за одбрана на Република Грција, Николаос Панајотопулос. Средбата која имаше работен карактер се одржа во рамки на Меѓународната изложба за одбрана и безбедност која се реализира во Грција и на која присуствува делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, предводена од министерката Шекеринска.

„Од нашиот договор за билатерална соработка за 2021 може да се заклучи дека се движиме во позитивен правец. Околу 70 предвидени активности се потврда дека Северна Македонија и Грција отворија поглавје на сојузништво во интерес на двете земји, но и на целиот регион“, рече министерката.

Шекеринска посочи и дека соработката меѓу двете земји се одвива и во рамки на SEEBRIG Бригадата на Југоисточна Европа чиј домаќин е нашата земја, а во која учествува и Грција од каде во моментов е и командантот на единицата.

Двајцата министри ја потенцираа соработката во рамки на НАТО мисијата air-policing како сигнал за сојузништво и висока доверба меѓу двете држави.

Министерот Панајотопулос рече дека Грција е партнер и сојузник на Северна Македонија во одбраната, и додаде дека ќе продолжи да ја поддржува нашата земја и во ЕУ.

На средбата беше изразено задоволство од придонесот на Северна Македонија во регионалната стабилност и безбедност преку учеството во мисијата КФОР во Косово, а се разговараше и за наша контрибуција во грчкиот корпус на НАТО силите за брзо распоредување и во Балканската борбена група во рамките на ЕУ, HELBROC, предводена од Грција.


Одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Грција се одвива и преку обуки за падобранство на нашите армиски специјални сили во Грција, при што мината недела заврши дваесетдневната обука на која учествуваа и припадници на воздухопловниот ВИНГ.
 

Next Post
Фото: Тоник

Попладневен преглед: Само со одговорно однесување може да ставиме крај на пандемијата, се очекува исчекор од новата бугарска влада

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk