ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Извештај на ОН: Отворени повеќе и подобри работни места во Северна Македонија во време на пандемија

July 15, 2021 19:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ФЕМИНА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

До 2020, поголем број на жени и мажи имаат можност да ја подобрат својата егзистенција преку обезбедено пристојно и одржливо вработување во поконкурентна економија со многу работни места, се вели во извештајот на Обединетите нации за остварените резултати на Република Севрна Македонија во 2020 година.

-Недоволниот економски раст, високите стапки на невработеност и приходната сиромаштија беа идентификувани како главни развојни предизвици, и тие беа меѓу највисоките приоритети на Владата во периодот кога се формулираше ПОР. Активностите што беа преземени меѓу 2016-2020 год. дадоа забележителни резултати, со пад на стапката на невработеност од 40% , односно, од 26,1% во 2015 год. на 16,1% во Т-4 во 2020 год, се вели во извештајот.

Според извештајот на ОН беа насочени активни мерки на пазарот на трудот и програми за развој на вештини. ОН, исто така ги градеа и капацитетите на националните институции и социјалните партнери за подобрување на деловниот екосистем преку целисходен социјален дијалог, ефективни иницијативи за само- вработување, зголемена конкурентност на приватниот сектор и поддршка за иновациите.

-Преку Програмата за работа во заедниците, ОН промовираа вработување за ранливите лица (особено, за невработените жени) како даватели на социјални услуги на ранливите групи, и тоа главно на постари лица, деца на предучилишна возраст и лица со попреченост, како и подобрување на вештините за вработување и стимулативни мерки за вработување на Роми и лица со попреченост. Отворени се 6.298 работни места со полно работно време (38% жени), основани се 5483 нови компании (околу 13% од сите компании отворени во земјата, 36% во сопственост на млади луѓе), над 50.000 лица беа вклучени во различни обуки или други програми за поддршка на вработувањето; и над 56.605 лица со потреби добија социјални услуги преку интервенциите со програмите во периодот од 2016-2020 год, се вели во извештајот.

Во 2019 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна нова мерка насочена кон давање финансиска поддршка на жени- земјоделски производители за подобрување на нивната економска состојба. Оваа промена на политиката беше заедничка заложба на UN Women, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Работната група за родова еднаквост.

Д. Е.

Next Post

Николовски: Воведуваме електронски систем за онлајн поднесување и следење на пријави

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk