ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нимиц: Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена, не може да се преговара за нечиј идентитет

July 17, 2021 19:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена во Обединетите нации, вели поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц.

Нимиц во интервју за Канал 5, прашан за односите Софија-Скопје, и за тоа дека идентитетот и јазикот не беа дел од Преспанскиот договор, но на маса е ставен од Бугарија, појаснува дека за грчката страна проблемот не бил идентитетот туку името на јазикот, а во овој случај станува збор за поинаков спор.

-Овие прашања се униатни, имало ситуации кои биле слични, но и не така слични. Знаете Преспанскиот договор се осврнува на јазикот, не го користи зборот идентитет бидејќи тоа не е правен збор. Македонскиот јазик е прифатен одамна и ширум светот луѓето знаат дека македонски јазик постои. Спорот со Грција не беше воопшто за јазикот туку за името на јазикот. Со други зборови, грчката страна немаше проблем што имате убав јазик, посебен јазик. Но нивниот проблем беше дека ако се вика македонски јазик дека би можело да даде впечаток дека има поврзаност со античките македонци. Спорот со Бугарија е поинаков, во однос на потеклото на јазиците. Јас не сум експерт за тоа, тоа не беше прашање во Договорот од Преспа, но е прашање за кое тие сакаат да разговараат, така што тоа е предмет на дискусија, вели Нимиц.

Запрашан може ли да се разговара за нечиј идентитет, што е внатрешно чувство на припадност, Нимиц дециден дека идентитетот не може да биде предмет на преговори.

-Не, не можете. Меѓу Грција и Северна Македонија имаше внатрешни чувства, и сеуште има. Луѓето во Северна Македонија се емотивни за тоа и луѓето во грчкиот регион Македонија се сеуште емотивни. Не се водите од емоции, но, можете да постигнете договор за тоа како разговарате за тоа, како го артикулирате тоа, со почит кон различните мислења за сензитивни историски или емотивни прашања, вели американскиот дипломат.

Амбасадорот Нимиц смета дека не е потребна медијација за надминување на недоразбирањата меѓу Скопје и Софија туку двете страни треба самите да го решат прашањето, како и за тоа дали им е потребна медијација.

-Една медијација во животот е доволна. Исто така, медијација или решение со Бугарија не би требало да трае 20 години, не би требало да трае ниту 20 месеци, според мене. Но двете држави треба тоа сами да го решат. Дали им е потребен медијатор или не, треба да одлучат самите, а не некој од надвор за нив, вели поранешниот медијатор за спорот со името Метју Нимиц.

извор: МИА
Next Post

Вечерен преглед: Лажни вести и фотографии се шират за сексуалното образование, посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Битолчанец лишен од слобода откако со нож ја убил сопругата

May 14, 2026

ФАО: Итни инвестиции и солидарност се неопходни за спас на агро-прехранбените системи од климатските и геополитичките кризи

May 14, 2026

ЈП „Комунална хигиена“: Транспортирани 200 кубни метри отпад од акцијата „Генералка викенд“

May 14, 2026

СДСМ: Мицкоски и Филков молчат повеќе од 30 дена, намерно го штитат Груевски од екстрадиција

May 14, 2026

Луциден сон со нова песна и видео спот „И пак те нема“

May 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk