ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Шахпаска на Националниот сервис: Граѓанинот претставува стожер на социјалната реформа, ги унапредуваме и приближуваме социјалните услуги

July 19, 2021 11:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Проектот за подобрување на социјалните услуги е проект на Министерството за труд и социјална политика кој го реализира со Светска банка и опфаќа две значајни компоненти, зголемување на социјалната вклученост на граѓаните во системот на социјална заштита. Првиот е, подобар пристап до парични надоместоци и услуги и вториот  проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание, односно поголем опфат на деца во предучилишното воспитание и изградба на нови и проширување на постоечките детски градинки, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во гостувањето на утринската програма на Националниот сервис.

Таа посочи дека социјалната реформа ги дава своите резултати. Изминатата година во време на пандемија со законски измени е зголемен опфатот на дополнителни 6 500 домаќинства, (приматели на гарантирана минимална помош), преку олеснети критериуми за влез во системот на социјална заштита, како и  зголемен детски и образовен додаток.

Во врска со Проектот за подобрување на системот на социјални услуги министерката Шахпаска посочи дека тој е заснован на неколку принципи кои претставуваат  темел на социјалната реформа.Тој претставува целосно менување на концептот во пристапот и давањето на социјалните права и услуги на граѓаните.

„Преку принципот на  плурализација, го вклучуваме невладиниот сектор, физички лица и  приватни субјекти, како даватели на услуги. Суштината е зголемување на  опфатот на даватели на услуги кои претходно поминуваат низ процес на обуки. Излегуваме од стариот систем на социјална заштита кога даватели на социјалните услуги беа Центрите за социјална заштита“, рече министерката Шахпаска.

Исчекорот со социјалната реформа , појасни министерката е и во тоа граѓаните да ги вадиме во  системот на социјална заштита преку  процесот на активација на пазарот на труд , преку индивидуален план за највработливиот член од семејтвото во ризик.

Министерката посочи дека преку децентрализацијата како процес на спуштање на социјалните услугите на локално ниво, општините се главните  носители на услугите кон граѓаните, со вклучување на граѓанскиот сектор. Притоа, го истакна значењето на вклучување на најтешко вработливите граѓани кои се дел од заедницата како даватели на услуги преку овој проект. Истовремено, се проширува и лепезата на социјални услуги, кои досега никогаш не биле достапни за граѓаните.

„Граѓанинот претставува стожер на социјалната реформа. Се што правиме и како Влада и како Министерство е да го олесниме животот на граѓаните,“ подвлече министерката Шахпаска.

Next Post

Шахпаска: Социјална услуга и за лицата во најоддалечените места во државата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk