ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Просечната плата во мај достигна 28.721 денари

July 20, 2021 16:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесува 28.721 денари, што претставува зголемување за 8,8 отсто во однос истиот месец лани или за  2.331 денари за една година, соопшти владината прес-служба, посочувајќи дека ова е показател за континуираниот раст на просечната исплатена нето плата во државата.

Според статистика, ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 29 проценти, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 28,7 отсто и други услужни дејности за 14,4 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано и во секторите објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 7 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,5 проценти и снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 5,3 отсто.

Топ три сектори со највисока просечна исплатена нето плата по вработен во државата се информации и комуникации, финансиски дејност и дејности на осигурување, како и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

– Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите, кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата. Доколку последниот податок го споредиме со јуни 2017 година кога просечната плата била 22.808 денари, разликата е 5.913 денари или тоа е раст од 25,93 отсто. Ако пак ја земеме просечната плата од јуни 2017 година и ја споредиме со јули 2013 година кога изнесувала 21.013 денари, согледуваме дека растот на платата бил 1.795 денари или само 8,54 проценти. Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4 до 5 отсто и покачување на платите за 20 до 30 проценти се со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, се нагласува во соопштението на Владата.

Next Post

Војната на Орбан против медиумите: Шпионскиот софтвер Пегасус

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk