ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Арсовски: Со засилено темпо продолжуваат подготовките за теренскиот попис во септември

July 21, 2021 13:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираше за заклучоците и одлуките донесени на 88-мата седница на Владата и одговараше на теми од интерес на јавноста и новинарите.

На почетокот од прес-конференцијата портпаролот Арсовски соопшти дека со засилено темпо продолжуваат подготовките за спроведување на теренскиот попис во септември. Во тек е пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и инструктори. Само во текот на првиот ден, вчера, се пријавија 640 кандидати. Во сите 50 пописни реони има пријавено кандидати и за попишувачи и за инструктори. Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање на кандидатите и конечен избор кој треба да се направи најдоцна до 15 август по што ќе следи обука.

Арсовски укажа на важноста од спроведување на оваа статистичка операција. Учеството во пописот е одговорност на секој граѓанин кон државата. На тој начин секој од нас придонесува кон држава базирана на податоци, а не на претпоставки. Податоците од пописот се доверливи и заштитени.

Исто така информираше и дека Владата на последната седница го утврди текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели веќе почна, но сега со предлог-законското решение попрецизно се регулира овој извоз и се воведува нова давачка од дополнителни 10 проценти од приходот на компаниите за производство на медицински канабис, пари кои ќе одат во специјален фонд. Целта е граѓаните да видат јавно добро. Затоа ќе биде поддржан фондот за ретки болести, фондот за медиуми за продукција на содржини од јавен интерес, како и на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор. Од специјалниот фонд ќе биде поддржана и работата на новопредвидената Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис и препарати од канабис за медицински и научни цели.

Одговарајќи на новинарско прашање портпаролот Арсовски посочи дека овој предлог-закон се носи со европско знаменце бидејќи во текстот се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот парламент и Европскиот совет за усогласување на оваа дејност со регулативата на ЕУ, како и со повеќе конвенции на ОН што го уредуваат ова прашање.

Одговарајќи на новинарско прашање за декриминализацијата на канабисот за лична употреба, Арсовски посочи дека со новите законски решенија ќе се допрецизираат овие прашања.Арсовски информираше и за одлуката на Владата од последната седница за затворање на дивите депонии и ѓубришта во 18 општини од Источниот и Североисточниот Регион со која се опфатени и над триесеттина диви ѓубришта.

Портпаролот информираше дека Владата донесе и Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино.

Станува збор за инвестиција проценета на над 336 милиони евра чија цел е заштита на животната средина, намалување на загадувањето и подобрување на добросостојбата и условите на живеењето преку преземање на собраниот отпад од надлежните комунални претпријатија, третирање на отпад и производство на електрична енергија од обновливи извори со примена на иновативна технологија.

Исто така многу важна придобивка од оваа инвестиција е што благодарение на овој начин на организирано прибирање на комуналниот отпад ќе се затворат сите диви депонии, кои, всушност, ги прават најголемите штети за животната средина.

На новинарско прашање за изборот на стратешки инвеститор, портпаролот Арсовски посочи дека Законот за стратешки проекти има цел да поттикнува, привлекува и да создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во Северна Македонија, се во насока на зголемување на економскиот пораст, вработувањата и примена на нови технологии и иновации.

„За секој странски инвеститор да може да изведе проект во Северна Македонија мора да отвори своја компанија во земјата, таков е и овој случај, за специјална намена, дополнително стратешкиот инвеститор ќе достави банкарска гаранција до Владата во висина од 10 милиони евра која може да се изврши на прво барање и е гарант дека инвеститорот ќе има сериозни причини да го заврши проектот. Од друга страна проектот ќе биде финансиран од „Рајфајзен банк“, кои се наоѓаат во рангот на најголемите 5 банки во светот и ќе биде граден од реномиран ЕПЦ контрактор, тоа се оние компании кои изведуваат до клуч на рака еден ваков вид на проекти“, посочи Арсовски.

На новинарско прашање за реализацијата на капиталните инвестиции портпаролот истакна тие се движат во позитивна насока и несмалено темпо, при што Арсовски како пример го наведе Министерството за транспорт и врски каде во првиот квартал се искористени над 15%, а во вториот веќе над 30% од предвидениот буџет за капитални инвестиции за таа намена.

Next Post

Шахпаска: Нега Центарот во Демир Хисар ќе обезбеди помош и нега во домот за 21 лице над 65 години,социјалната реформа продолжува

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk