Премиерот Зоран Заев, денеска ќе се обрати по повод почетокот на изградба на браната на река Отиња, во Штип.
На настанот покрај премиерот Заев, обраќања ќе имаат и вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и градоначалникот на Штип, Сашко Николов.
Инвестицијата на овој значаен капитален проект е во вредност од 306 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски.





