ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сојузништвото во НАТО ги јакне одбранбените врски меѓу Северна Македонија и Португалија

July 23, 2021 10:06
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сојузништвото во НАТО ги јакне одбранбените врски меѓу Северна Македонија и Португалија, беше посочено на синоќешната средба на министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Жао Гомеш Кравињу во Лисабон, каде делегација од Министерството за одбрана (МО) и од Армијата предводена од министерката е во дводневна официјална посета.

Како што информираат од МО, заблагодарувајќи се на поканата за посетата Шекеринска изрази надеж дека Договорот за билатерална соработка во одбраната наскоро ќе биде потпишан и дека двете држави ќе имаат успешна соработка.

-Португалија беше меѓу првиот бран држави кои ја почнаа ратификацијата на протоколот за наш прием во НАТО, што го сметаме за исклучително пријателски чин и политичка волја за поддршка на Северна Македонија. Уверена сум дека тоа создаде добра основа да развиваме искрена и плодна соработка како сојузници во Алијансата, рече Шекеринска на средбата.

Министерката го запозна португалскиот колега со плановите за воена интеграција на земјава во НАТО која треба да заврши до крајот на оваа година, како и со можностите кои ги нуди воениот полигон Криволак кој го развиваме како домашен и капацитет на Алијансата.

Министерот Кравињу го потврди интересот за воспоставување Договор за билатерална соработка и рече дека Португалија високо ги цени постигнувањата на земјава на планот на членството во НАТО и придонесот што го дава во регионалната безбедност и стабилност. Тој ги поздрави заложбите за почеток на преговори со ЕУ на нашата земја и истакна дека местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ.

Двајцата министри договорија заеднички вежби на специјалните сили, и поголема соработка во сајбер одбраната за што министерот Кравињу изрази подготвеност да дадат поддршка и преку програмата PESCO чии активности ги координира Португалија.

Делегацијата на Министерството за одбрана и Армијата ја посети и Командата за здружени операции – оперативно седиште за НАТО, ОН и ЕУ мисии во странство, каде имаше брифинг и разговори со началникот на Генералштабот на Португалските вооружени сили, адмирал Антонио Силва Риберо. Исто така ги посети и НАТО академијата за комуникации и информации, како и воената школа за обуки и тренинзи за странски мисии, пешадија, механизирани единици и артилерија.

Шекеринска беше дочекана од португалскиот колега со највисоки почести и свечена церемонија на која интонирањето на нашата државна химна беше проследено со почесни плотуни од страна на воената морнарица во чест на доаѓањето на министерката.

Next Post

За 4,7 отсто e повисок предвидениот раст на приходите со ребалансот на Буџетот

НАЈНОВО

Скриншот

Се урна седумкатна зграда во турскиот град Гебзе

October 29, 2025

Концерт на Национален џез оркестар и „Yellowjackets“

October 29, 2025

Д-р Трајановски: Поддршка за младите претприемачи – грантови до 4.000 евра за стартапи во Аеродром

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk