ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Работиме на квалитетно подобрување на локалната патна инфраструктура, во секоја општина подеднакво

July 23, 2021 12:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Посветено работиме на квалитетно подобрување на локалната патна инфраструктура, во секоја општина подеднакво и вложуваме во рамномерниот регионален развој преку проекти кои значат подобри услови за живот на граѓаните, подобар животен стандард и економски развој, изјави денеска во Крива Паланка вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

– Денеска, тука во Крива Паланка, го означуваме почетокот на уште еден инфраструктурен проект, кој е од витално значење на жителите на овој град. Со ставањето во функција на пристапниот пат, граѓаните на Крива Паланка, конечно ќе добијат соодветен и модерен пристап до градските гробишта, истакна Николовски, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, беа на локацијата каде што започнува изградбата на пристапниот пат до Градските гробишта во Крива Паланка.

 

Како што соопшти владината Прес-служба, изведбеното решение предвидува модерен проект, со изградба на потпорни ѕидови, тротоар за пешаци, како и паркинг простор од бекатон плочки. Инвестицијата е во износ близу 11 милиони денари. Реализацијата на овој проект е преку Министерството за транспорт и врски, односно преку владиниот проект за „Изградба и рехабилитација на локални патишта“, финансиран преку поволен заем од Светска банка, а наменет за поддршка на општините и Градот Скопје, за изградба и санација на локални патишта и улици.

Министерот Бочварски посочи дека со засилена динамика продолжува реализацијата на еден од најважните проекти наменет за општините, проектот „Поврзување на локални патишта“.

– Инвестираме во реконструкција и во нова патна инфраструктура за побрз развој на општините, но и за подобро урбано живеење на нашите граѓани. Оваа формула за финансирање на локалните патни проекти коишто се суштествени за општините се одличен доказ за соработката, но и за помошта која Владата и Министерството за транспорт и врски им ја вбризгува како помош на локалните самоуправа, изјави Бочварски.

Градоначалникот Мицевски изјави дека во Крива Паланка во континуитет се работи на подобрување на локалната и регионалната патна мрежа.

Преку Програмата на распределба на средства од концесијата на ТАВ, Крива Паланка ќе добие над 28 милиони денари финансиска поддршка за уште три клучни проекти. Околу 10,3 милиони денари се предвидени за изградба на улицата „Вршачка” во населбата Долно Грамаѓе, за што општината веќе го потпиша договорот со Владата. Преку истата Програма планирани се реконструкции на улици во населбите Чивлик и Мизовски Ливади. Станува збор за инвестиции, кои се важни за олеснување на пристапот на граѓаните до своите домови и гравитацијата кон централното градско подрачје, се наведува во соопштението.

Next Post

Јавен повик за дигитален асистент за олеснување до пристапот до програмите за државна економска помош

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk