ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: 38 деца со интелектуална попреченост ќе ја добиваат услугата нега и рехабилитација во новиот Дневен центар во Општина Липково

July 26, 2021 16:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во новоизградениот специјализиран Дневен центар во с. Оризаре, 38 деца со интелектуална попреченост од општината Липково, ќе бидат подготвувани за соодветно вклопување во редовниот образовен систем. Подготовката ќе ја врши стручен тим составен од рехабилитатор и едукатор, логопед, психолог, социјален работник и физиотерапевт.

Целта на предвидената индивидуална, групна и окупациска терапија на децата со попреченост, е од најмали нозе, тие да се стекнат и да ги развиваат вештините за секојдневниот живот. Децата ќе ги учат   навиките за исхрана, хигиена и за одржување на сопственото здравје но ќе ги стекнуваат и воспитните, социјални, културни и рекреативни активности. Во Центарот ќе бидат организирани и советувања и работилници за помош на родителите на овие деца.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, рече дека преку Дневниот центар и најмалите, реално ќе ги почувствуваат социјалните реформи што ги презема Владата.

„Целта на социјалната реформа е да се приближат социјалните услуги до корисниците, до граѓаните. Да се зголеми опфатот на граѓаните кои влегуваат во системот на социјална заштита, да се подобри квалитетот на социјалните услуги, а со тоа се подобри и нивниот живот. Дополнително да се намали невработеноста и да се подобри животниот стандард на сите граѓани“, рече министерката Шахпаска.

Таа изрази задоволство што Општина Липково добива нов Дневен центар за деца со попреченост со капацитет за  38 деца со попреченост на возраст од 2 до 14 годишна возраст. Суштината на ваквите реформи, посочи таа е да се поддржат ранливите категории, во случајот децата со попреченост“,рече министерката Шахпаска.

Mинистерката Шахпаска денеска на здружението Имаго плус, им ја предаде дозволата за вршење дејност од социјална заштита за услугата нега на деца со попреченост.

Градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи рече дека како локална заедница сме горди што ја преземаме одговорноста за грижата за децата со попреченост од нашата општина.

„Тие и нивните родители отсега нема да мораат да патуваат до градовите за да ја добијат неопходната нега. Дополнително, ние најдобро ги познаваме специфичните проблеми со кои се соочуваат овие семејства, па верувам дека помошта што ќе ја добиваат во новиот Дневен центар во Оризаре ќе биде уште поквалитетна од таа што им беше достапна досега“, рече градоначалникот на Општина Липково, Еркан Арифи.

Претседателката на Здружението Имаго плус Земријет Бела Весели, рече дека постојано ги надградува вештините и стручноста во работата со децата со попреченост и нивните родители.

„Сигурна сум дека Дневниот центар и нашиот стручен тим ќе направат исчекор во квалитетот на услугата за децата – корисници на услугите на центарот. Дополнително, на нивните родители ќе им го пренесеме нашето знаење, сѐ со цел, нивните деца да постигнат што поквалитетен развој и подготовка за понатамошниот живот“, рече Земријет Бела Весели.

Според координаторот на Дневниот центар, Аринета Нухија, „нема поголема привилегија од таа да му се помогне на оној кому таа помош му треба. Кога станува збор пак, за децата, возвратниот ефект е уште поголем, зашто најчесто пред вас се случува позитивен напредок кој го гледате и ве исполнува со радост и гордост. Со нетрпение ги очекуваме децата во Центарот“.

Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика засега поддржани се 19 проекти во 24 општини. Најголем дел од овие проекти (16) се наменети за помош и нега на стари лица во домот, а по еден се за помош на стари лица во дневен центар, за рехабилитација на деца со попреченост и проект за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина.  За давање на услугите обучени се 300 лица, а се очекува да бидат опфатени околу 900 корисници. Една од главните цели на социјалната реформа е услугите да им бидат полесно достапни и на корисниците од руралните и најоддалечени региони во државата.

Министерството за труд и социјална политика наскоро ќе објави нов јавен повик за дополнителни проекти за општините кои не успеале да аплицираат на првиот повик, а за таа потреба континуирано се прави мапирање на потребите на граѓаните.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Даниловски: Во зелена зона сме, но во август влегуваме во прво ниво на ризици од ковид-19

НАЈНОВО

ВИ

„Чет-ГПТ“ најавува содржина за возрасни: Ќе дозволи и еротика за верификувани корисници

October 15, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп предлага САД да го забранат увозот на кинеско масло за готвење

October 15, 2025

Кусакатска: Митески нека одговори, каде се ветените 100.000 квадратни метри ново зеленило во Аеродром?

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk