ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народна банка ги објави стандардизираните табели за депозитите и кредитите на банките и штедилниците

August 9, 2021 12:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Почна објавувањето на стандардизираните табели со податоци за кредитите и депозитите што ги нудат банките и штедилниците. Од почетокот на месецов, на своите веб страници тоа го прават банките и штедилниците, а од денеска овие податоци се објавени и во посебен дел на веб страницата на Народната банка.

Од Народната банка посочуваат дека за разлика од досега кога банките и штедилниците индивидуално избирале кои податоци ќе ги објавуваат за своите производи и во каква форма, сега, со новиот унифициран пристап, на граѓаните им се овозможува попрецизна и целосна информираност за најзначајните аспекти при изборот на кредитите и депозитите, притоа водејќи сметка и за можните ризици.

– Согласно со насоките донесени од Народната банка и МБА, податоците објавени од сите банки и штедилници, покрај основните информации за банкарските производи, како рочноста, валутата и каматната стапка, вклучуваат и дополнителни, подетални информации, како што се висината на стапката на вкупните трошоци кај потрошувачките кредити и трошоците коишто не влегуваат во оваа стапка, видот на обезбедувањето и минималниот сооднос обезбедување / кредит кај станбените кредити, можноста за предвремено разрочување кај депозитите и други. Следствено, податоците објавени во ваква форма треба да овозможат подобар увид во условите понудени од страна на одделните банки и штедилници, како основа за носење одлука за избор на најсоодветниот производ, согласно со можностите и склоностите на потрошувачите, велат од Народната банка.

Покрај табелите со стандардизирани податоци, на веб-страницата на Народната банка објавени се и други содржини за потребите на клиентите на банките и штедилниците, вклучувајќи и податоци за контакт за поплаки за одделни банки и штедилници, како и најчесто поставувани прашања од потрошувачите до Народната банка.

Од централната банка додаваат дека делот од веб страницата каде се објавени стандардизираните табели со податоци постојано ќе се надградува, паралелно со активностите што ги спроведуваат за заштита на потрошувачите.

Објавувањето на стандардизираните табели е дел од првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто неодамна беше усвоена од страна на финансиските регулатори.

Next Post

Вистиномер: Ковид пандемијата не е лажен проект на Светска банка предвиден до 2025 година

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk