ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни осум пожари, ЦУК преку системот НИКС дигитално ја следи состојбата

August 10, 2021 09:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава до синоќа беа активни осум шумски пожари, а останатите се делумно локализирани. Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи преку системот НИКС, кој ги дигитализира сите податоци од терен, од вчера раководи со справувањето со шумските пожари.

– Преку овој систем имаме просторно прикажување на ситуацијата на терен односно, членовите на Главниот штаб на едно место на екран ги гледаат сите податоци, гледаат на кои места имаме активен пожар, гледаат каков е неговиот интензитет, гледаат каде има изгаснат пожар, за којшто постои можност повторно да се реактивира. Сите податоци од терен ги имаме на едно место, тоа помага на Главниот штаб да носи квалитетни одлуки, да врши подобра координација на силите на терен, рече вчера директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

 

Тој истакна и дека сите села во чија близина беснеат пожари се обезбедени, местата се изорани и направена е тампон зона преку која пожарот не може да премине. На линијата се поставени цистерни доколку пожарот премине од другата страна на тампон зоната да можат да дејствуваат и да не биде загрозено селото.

Во насока на полесно справување со пожарите, на барање на Дирекцијата за заштита и спасување, Владата на вчерашната седница донесе одлука за ослободување од плаќање на надоместок за услуги за прелети и за терминални услуги во македонскиот воздушен простор на летовите на воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути вчера истакна дека механизмот на ЕУ за цивилна заштита е активен уште од самиот почеток на пожарите.

– Со помошта од Австрија, Словенија и Бугарија и воздухопловот од Романија досега држиме се под контрола, изјави Максути, кој заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир вчера го посети кампот на австриските пожарникари во Пехчевско.

Евроамбасадорот Гир се заблагодари за посветеноста на европските држави за справувањето со пожарите во Малешевијата.

– Длабоко сум импресиониран од посветеноста на различните тимови од Австрија, Словенија и Бугарија, но и од посветеноста на локалната заедница кои мошне јасно не информира за ситуацијата. Овде сме и да се заблагодариме за контрибуцијата меѓу европските земји, изјави Гир.

Нов тим од девет пожарникари од Смолјан, Бугарија со три противпожарни возила дојде во Пехчево да ги замени првите четири тима бугарски пожарникари со противпожарна опрема од овој град под Родопите, кои од 4 август ги гасеа пожарите во реонот на Делчево и Пехчево.

Досега полицијата уапси 14 лица осомничени за предизвикување шумски пожари на повеќе локации во земјава, а во активностите за гасење и превенирање на пожарите во изминатото деноноќие биле ангажирани 644 полицајци. Биле реализирани и 222 мото патроли, при што се користени 205 возила.

Авионот на Романското воено воздухопловство вчера во два налети дејствуваше на пожарот во Општина Прилеп кај селата Топлица, Ракле и Никодин кој е делумно локализиран, но на одредени места се уште има чадење. Пожарот,пак, во делчевскиот регион во село Разловци и село Нов Истевник е ставен под контрола, но има мало чадење во местото викано Грбовец. Пожарот во Пехчево во село Будинарци се уште е активен, иако во текот на вчерашниот ден изгледаше дека е локализиран, но се појавија нови жаришта.

Активен пожар има и во Општина Сарај близу селата Раовиќ и Буковиќ, како и во Општина Петровец кај селото Дивје на месноста викана Крушје, кој беше ставен под контрола, но повторно се прошири. Повторно е активен и пожарот во Општина Чашка, кај село Владиовци, кој вчера беше локализиран во утринските часови, меѓутоа  во 13:30 часот повторно се активираше.

Вчера попладне избувна пожар и во селото Герман во Општина Ранковце, но делумно е ставен под контрола. Под контрола е и пожарот во штипските села Драгоево и Селце, иако на одредени места има појава на чадење. Вчера попладне се појавија пожари и во велешките села Којница, Крајница и Извор каде гори нискостеблеста мешана шума, како и во кочанско Костин Дол, но тие се држат под контрола  и нема опасност да се прошират./МИА/.

Next Post

На ГП Табановце се чека до 45 минути

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk