ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦУК: НИКС системот овозможува размена на информации, слики и видео во реално време

August 11, 2021 15:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку НИКС (Next generation incident command) системот во реално време ги добиваме сите податоци и потоа ги дигитализираме. НИКС системот служи за просторно прикажување податоци во реално време, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференцијата на која беше промовиран НИКС системот.

– Имаме визуелна претстава, ја имаме картата на Македонија пред нас, со кликање можеме да влеземе во кој било пожар, да видиме каков е неговиот статус, дали е изгаснат, дали е активен, дали е под контрола. Доколку е активен да видиме колку сили се на терен, колку припадници на противпожарните служби, од странските, домашните, колку припадници на полицијата и на Армијата се ангажирани, колку цистерни, колку возила, буквално сите информации ги имаме на дланка. Овој систем е во развојна фаза, но сега побарав да се забрза неговото финиширање и да биде ставен во употреба во служба на гаснењето на пожарите, појасни Ангелов.

Д-р Урим Вејсели, еден од авторите на системот на прес-конференцијата посочи дека проектот започнал во 2016 година и е дел од НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“. Во проектот учествуваат заедно со колегите од Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а вклучени се и САД, поточно МИТ Универзитетот и Линколн лабораторијата.

Досега, како што информира тој, се обучени 1 100 учесници од сите институции кои се дел од системот за управување со кризи на национално и на локално ниво, а учествувале и на неколку вежби. Во склоп на проектот е планирано да се заврши обука за обучувачи од сите институции, како и администратори кои во склоп на нивните институции ќе можат да ја администрираат мрежата.

– Системот овозможува размена на информации во реално време, не само информации, туку и слики и видео. Моментално серверот се подготвува за да може да поддржува и видео проекција во реално време да може точно да се види што се случува на терен. Во делот на координацијата, системот овозможува на заедничката мапа точно да ги видиме сите институции во реално време каде се наоѓаат и нивните претпоставени да ги координираат. Може со едно кликање да добие СМС порака во кој правец треба да се движи и што е неговата задача понатаму. Сите тие работи се снимаат, има и тракинг систем, точно се гледа каде се движи, да се види точно каде биле на терен за да може при аналлизата да се утврдат дејствувањата и како да се подобрат во иднина, појасни Вејсели.

Најави дека во септември ќе се одржи  првпат НАТО вежба во која ќе учествуваат сите земји членкии на која е планирано НИКС системот комплетно да се тестира на сите нивоа (локално, национално и меѓународно) со цел сите слабости да се отстранат и од 1 октомври системот да функционира комплетно дигитално, користејќи го НИКС како алатка./МИА/.

Next Post

Велешани со голем интерес за вакцинирање против Ковид-19

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk