ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Заев за Меѓународниот ден на младите: Ние сме првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“

August 12, 2021 15:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Меѓународниот ден на младите, премиерот Заев објави неколку програми и цели кои се преземени за подобрување на живеењето на младите.

„Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на младите, под темата „Трансформирање на системите за храна: Младинска иновација за човечко и планетарно здравје“, со цел да се потенцира дека без учество на младите, не може да се постигне глобален успех во таа насока.“, напиша Заев на Фејсбук

Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна, истакна Премиерот.

Тој ја нагласи мерката што Влада ја донесе за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци и додаде дека е отворена можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома.

„Исклучително е важно, да се адресираат и други клучни предизвици кои се дел од #Агенда2030 на Обединетите Нации, а тоа се намалувањето на младинската невработеност, социјалната вклученост, здравствената грижа, зачувувањето на биолошката разновидност и ублажување на климатските промени.

Северна Македонија е првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“, што даде значителен успех во однос активноста на младите на пазарот на труд во нашата држава.

Заедно со другите сеопфатни и координирани младински политики, како што е Оперативниот план за вработување, стапката на младинска невработеност од 41,9% во 2016, се намали на 29,6 % во 2020.

Ја увидовме потреба од инклузија на младите во важните општествени процеси и затоа, денес преку Законот за младинско учество и младински политики во сите органи на државната управа и во единиците на локалната самоуправа има назначено службеник за млади, кој ќе им помага на младите за прашањата што ги интересираат од доменот на конкретната институција (https://vlada.mk/sluzbenik-za-mladi).“, напиша Заев.

Премиерот ја истакна и улогата на малдите во справувањето со последиците од КОВИД-19.

„Сакам да оддадам признание и благодарност до младите доктори, кои се директно или индиректно вклучени во здравствениот систем и кои неуморно се борат за животите на нашите граѓани и до сите млади волонтери, кои преку индивидуален, но и колективен ангажман, придонесуваат за справување со пандемијата.“ потенцира Заев

„Денешниот Меѓународен ден на млади, го одбележуваме, препознавајќи ја препознаваме важната улога на младите во креирањето на демократско општество и преку институциите заедно креираме политики за подобар живот за сите граѓани.“, наведе премиерот Заев во фејсбук објавата.

 

 

 

Next Post

Влада: Висината на месечен додаток кај најангажираните службеници може да се зголеми до 30%

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk