ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уапсен поранешниот белоруски претседателскиот кандидат Андреј Дмитреу

August 13, 2021 09:44
in ДЕНЕС, СВЕТ

Белоруските власти вчера уапсија неколку продемократски активисти како дел од се поинтензивната кампања за сузбивање на противниците на авторитарниот лидер Александар Лукашенко. Полицијата притоа го уапси и кандидатот на ланските спорни претседателски избори, Андреј Дмитреу, за Радио Слободна Европа изјави неговата колешка од граѓанското движење „Кажи ја вистината“ Татјана Караткевич. Таа посочи дека не е познато местото каде е приведен Дмитреу, ниту причината за неговото апсење.

Белоруските власти треба веднаш да го ослободат новинарот Сергеј Харџевич и да престанат да затвораат независни новинари како одмазда за нивната работа, соопшти вчера Меѓународниот комитет за заштита на новинарите (ЦПЈ), пренесуваМИА.

Окружниот суд во Брест, на југозапад од земјата, на 2 август осуди дописник на независниот регионален сајт „Перши регион“ под обвинение за навреда кон белорускиот претседател Александар Лукашенко и двајца полицајци, како и за клевета на еден од тие полицајци, изјави неговиот уредник Павел Даилид, кој со ЦПЈ разговарал преку апликација за размена на пораки.

Судот го осуди Харџевич на 18 месеци затвор и му наложи на секој од полицајците да им плати отштета од 2.000 рубли (793 американски долари). Харџиевич ги отфрла обвинувањата и планира да поднесе жалба на пресудата.

Неговите колеги посочуваат дека тој често пишувал за злоупотребите на локалната полиција и веруваат дека ова е одмазда.

-Затворањето на новинарот Сергеј Харџевич уште еднаш покажува злоупотреба на законот од страна на белоруските власти со цел да ги замолчи независните новинари кои известуваат за прекршоци, рече директорот на програмата на ЦПЈ, Карлос Мартинез де ла Серна.

„Властите не треба да ја отфрлат жалбата на Харџиевич, туку веднаш да ги ослободат и другите новинари неправедно приведени зад решетки“, истакна де ла Серна.

Полицијата и безбедносните сили во средата извршија претрес во домовите и приведоа повеќе од 20 членови на опозициската иницијатива „Скод“ (Собрание), вклучувајќи го и поранешниот белоруски амбасадор во Словачка, Игор Лешчења, кој отворено ги поддржа протестите во јавноста со оспорување на официјалните резултати од изборите во август 2020 година, на кои Лукашенко го обезбеди шестиот мандат.

Група белоруски волонтери кои вчера учествуваа во лоцирањето на затворениците утврдија дека Лешчења е меѓу десетиците одведени во озлогласениот притворен центар Акрештин во Минск.

Останува нејасно зошто биле претресени куќите и по кои обвиненија биле приведени активистите.

Лукашенко во септември 2020 година му го одзеде дипломатскиот статус на Лешчења за „несоодветно однесување“.

Next Post
Фото: Фејсбук профил од Ирена Спасовска

Ирена Спасовска: Оваа Влада покажа дека се грижи за музичарите

НАЈНОВО

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk