ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

На Охридското Езеро започна пливачката трка на десет километри

August 14, 2021 18:35
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, денеска го означи стартот на Европскиот куп во далечинско пливање – трка на десет километри што се плива во водите на Охридското Езеро во рамки на Европската пливачка федерација (ЛЕН).

– На бреговите на нашето преубаво Охридско Езеро е од исклучителна важност да имаме ваков тип настани од светски ранг, не само затоа што имаме природна убавина, туку многу повеќе заради тоа што преку вакви настани ја промовираме дрќавата, сето наше природно богатство, стекнуваме пријатели кои ни помагаат убавиот збор за нашиот народ, нашата држава да стигне далеку, рече меѓу другото Заев.

Заев како покровител на трката ги поздрави учесниците на маратонот, упатувајќи пофалба и до Пливачката федерација на Северна Македонија која изминатите неколку години станува бренд во Европа во рамки на Европската пливачка федерација.

– Пофалба и до претседателот, Александар Маленко и неговиот тим, кои се заслужни што сме дел и од Извршниот комитет за далечинско пливање, а во Светската пливачка федерација ФИНА Северна Македонија е препознаена како една од само петте држави во светот во кои се организираат официјални трки во кои се организирааат официјалните трки за олимписката дисциплина пливање на десет километри, рече Заев изразувајќи надеж дека токму Северна Македонија ќе биде домаќин и на единствената квалификациска трка на десет километри за следните Олимписки игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година.

На стартот на трката се појавија 19 пливачи во машка и девет натпреварувачки во женска конкуренција. Тие на целта на кружната трка што се плива на патека пред хотелот „Метропол“ ќе треба да испливаат седум круга, а најдобрите пливачи на целта се очекува да пристигнат некаде околу 18 часот.

Next Post
Џабир Дерала

Какво е тоа пцуење, господине Мицкоски? Кој ве научи така?

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk