Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има Страцин,Тетово, Павлешници, Кичево, намалена видливост од 50 до 100 метри има Гостивар, Битола, Прилеп,Охрид, Струга, Ресен. Македонски Брод, Струга- ГП „Ќафасан“.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.