ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Засега е побарано згрижување за 750 авганистански цивили, безбедносната проверка ја врши АНБ

August 26, 2021 15:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Досега бројката за згрижување авганистански цивили е 750 лица, таа бројка флуктуира меѓутоа секогаш е во рамките на можностите коишто Владата ги проценува дека ние можеме привремено да ги згрижиме тие луѓе се додека не се процесуираат нивните документи за нивната конечна дестинација, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.  

–Првите бројки со коишто комунициравме беа барања од страна на меѓународни организации, наши партнери за привремено згрижување на авганистански цивили, жени, деца, луѓе коишто беа во функција на нашата мисија 20 години во Авганистан, мисија за која што ние се гордееме дека бевме заедно со партнерите во овој период. Како се зголемува бројот на барања групата во рамки на Владата прави проценка во која што се имаат предвид сите аспекти и логистички, и безбедносни и здравствени и сите можни аспекти за коишто имаат надлежност институциите коишто се присутни во таа група и врз основа на тоа ги потврдуваме или не ги потврдуваме барањата, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во МНР со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој посочи дека досега комуникацијата по однос на барањата за згрижување одеше преку нашите партнери, нашите сојузници и невладините меѓународни организации коишто работеле заедно со нашите партнери и заедно со нашата војска во текот на 20 години ангажман во Авганистан. Ние, вели Османи, сме спремни уште од минатата недела тие 750 да ги прифатиме, логистички да ги поддржиме, но, кога тие ќе тргнат зависи од состојбата, безбедносна во Авганистан и можноста тие да бидат транспортирани.

–Тоа се податоци кои се менуваат од час во час. Имаше една група на пример која што требаше да дојде во државата која што замина за Катар, меѓутоа отпосле сменија дестинација, наместо во Северна Македонија во друга држава. Така што се менува ситуацијата. Ние имаме централна група на ниво на Влада која што ја води премиерот, и сите министри коишто имаме надлежности во тој дел, меѓутоа има и посебна работна група во МНР и сметам дека ние сме спремни за оваа улога што ја имаме како држава на меѓународната сцена, но и да ја покажеме солидарноста на државата, како и партнерството кон Сојузот во којшто припаѓаме, вели шефот на дипломатијата.

Министерот Спасовски запрашан за тоа дали МВР гарантира безбедност, вели врвен приоритет е зачувување на безбедноста и стабилноста на нашите граѓани на државата, но и дека цивилите кои треба да пристигнат не се радикали или лица кои можат да предизвикуваат какви било проблеми од овој аспект.

-Ние како МВР сме должни да ги преземеме сите мерки за да безбедноста, пред се на нашите граѓани, на нашата држава биде на едно високо ниво. Вие знаете дека во 2015-2016 година имавме повеќе од 1,1 милион поминати мигранти низ територијата на државата. Така што, тогаш исто така одговоривме како држава најсериозно и за тоа сме оценети не само од ЕУ, туку генерално од сите наши партнери дека сме ги презеле навистина сите можни мерки се со цел да ја зачуваме безбедноста и да имаме хуман пристап кон овие цели. Така што граѓаните да бидат спокојни во тој дел, немаме апсолутно никакви индикации за евентуално нарушување на безбедноста, ниту може да стане збор за такво нешто, вели министерот Спасовски.  

Во однос на статусот тој повтори дека тие ќе имаат привремен престој од 90 дена, а еден дел од процедурата за издавање на дозвола за привремен престој е и правење безбедносна проверка преку Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

-Така што службите се во постојана комуникација со сите наши релевантни фактори во однос на тоа кои се луѓето коишто треба да пристигнат и апсолутно секој еден којшто претставува каков било ризик ние нема да дозволиме да биде на територијата на државата, едноставно само луѓе кои се цивили, кои работеле во ваквите организации. Овде не станува збор за наши државјани. Знаете дека ние имавме една поголема група на наши државјани коишто беа на воените подрачја во Сирија, во Ирак и во Авганистан и се повратници тука. Тие претставуваат безбедносен ризик, беа на издржување на затворските казни итн., меѓутоа тоа е веќе еден друг дел. Сакам да кажам дека опасноста е поголема од луѓето коишто се радикализирани со коишто државата работи многу повеќе во смисла на ресоцијализацијата, преземање на репресивните мерки итн., вели министерот Спасовски. /МИА/

Next Post

Протест во Атина против задолжителната вакцинација на здравствените работници

Shortcut

Најново

Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026
Stylish Caucasian Female Project Manager Works Diligently on Laptop,Surrounded by Virtual Social Media and Connectivity Icons in a Modern,High-Tech Office Environment

ЦИВИЛ за Орбановиот медиумски блицкриг: Остра анализа за гушењето на слободните медиуми во Србија

August 18, 2026
Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk