ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Симоновски: Мултифункционалната скала ги покажа придобивките, имавме три интервенции за еден месец

August 29, 2021 13:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Територијалната противпожарна единица на Град Скопје годинава имала 110 интервенции повеќе во однос на лани. Командантот на ТППЕ Скопје Владимир Симоновски во интервју за МИА открива дека до 25 август годинава имале 930 интервенции додека лани во истиот период 820 интервенции.

Во интервјуто, Симоновски зборува и за 5 август, денот кога имаше рекордни 22 интервенции во Скопје, како и за неопходноста за набавката на мултифункционалната противпожарна скала со која веќе е интервенирано во три случаи за еден месец – пожарите во „Охис“ и „Рагуза 360“ и спасувањето на заглавени лица во стан на 8 кат.

– Скалата за која бевме обвинувани за набавката ја покажа на дело нејзината неопходна потреба за еден месец од ставањето во функција. Имавме три интервенции и тоа пожар на катната гаража-Рагуза (каде што граѓаните кои ги видоа на дело нејзините перфоманси, ги дадоа своите позитивни мислења за скалата преку социјалните мрежи). Тука е и пожарот во фабриката „Охис“. Со скалата имавме и една техничка интервенција – спасување на заглавени лица во стан на 8 кат. Околу обвинувањата и споредбите Загреб-Скопје и цената на истата скала сакам само да дадам информација дека Загреб има оперативни шест скали, а ние имаме еве сега една, а до сега беше набавена само една во 1974 година. Мислам дека најнеопходна беше набавката на ваква скала со потребната дополнителна опрема и мултифункционалноста за секакви интервенции, нагласува Симоновски.

Интервјуто на Симоновски за МИА го пренесуваме во целост:

Симоновски, во август бевме сведоци на пожари од големи размери какви што не се паметат во државата. Противпожарните екипи се обидоа да интервенираат со сите расположливи средства, но на виделина излегоа недостатоците и недоволното инвестирање во оваа служба во изминатите 30 години. Според Вас, што треба да се направи за во иднина повторно да не се соочиме со истите проблеми?

– Да бевме сведоци на големи пожари, но сепак не е неочекувано времето на пожарите. Како и секогаш во нашите обраќања до јавноста и граѓаните, преку вас медиумите, овој период е токму тој во годината кога се очекуваат ваквите пожари на отворен простор или окарактеризирани како шумски пожари.

Противпожарните екипи беа на висина на задачата и со сите расположливи сили кои ги имаат во своите единици, а знаете дека секогаш сме информирале дека недостатокот на опрема и средства за локализирање на такви пожари е во огромен недостаток на целата територија на државата, поготово во реоните каде што имавме пожари од големи размери како на пример Нагоричане, Пехчево – Делчево.

Ако анализираме малку подлабоко во темата на пожарите, со временските промени и глобалните затоплувања на светско ниво и наглите промени на временски прилики, се повеќе може да очекуваме вакви пожари во наредните години. Не треба да се занемари и човечката негрижа и невнимание, а и соодветните институции да бидат подготвени.

Ретко која противпожарна единица во земјава може да се пофали со нови возила, нови противпожарна опрема и доволно вработени пожарникари. Во Скопје мислам недостигаат околу 200 пожарникари. Има ли најави за нови вработувања и нова опрема?

– Тука не би се сложил со вашите констатации околу опремата. БППЗ-Скопје во последниве три години вложи многу во набавка на опрема, но се е тоа невидливо зашто во претходните години не се превземало ништо околу подобрување на условите и набавка на лична заштитна опрема на ПП-опрема и други направи. Како што имаме кажано, во јануари 2020 година донесовме одлука за набавка за три противпожарни возила и една автомеханичка скала за потребите на градот Скопје, но во таа бирократија, Бирото за управна контрола при јавни набавки ни ја поништи одлуката за трите возила и покрај дописот од наша страна за просечната старост од 30 години на возилата со кои располагаме и бевме одбиени. Околу бројот на вработени ДА, имаме недостаток и тоа голем. Имаме тековен оглас за вработување на 20 пожарникари, но распишаните локални избори го ставија во мирување. И како за податок, од 2019 година имаме вработено 41 пожарникар но, процесот на заминување во пензија неможеме да го ставиме во „МИРУВАЊЕ”. Опремувањето е планирано за 2022 година кога планираме сериозна набавка на опрема и возила за Бригадата.

Во јуни ја промовиравте новата противпожарна скала која и беше неопходна на Територијалната противпожарна единица. Имаше критики од опозицијата дека скалата е купена скапо, дека таква иста за многу пониска цена е набавена во Загреб….Колкава беше неопходноста да се купи ваква скала и дали таа веќе почна да се применува?

– Скалата за која бевме обвинувани за набавката ја покажа на дело нејзината неопходна потреба за еден месец од ставањето во функција. Имавме три интервенции и тоа пожар на катната гаража-Рагуза (каде што граѓаните кои ги видоа на дело нејзините перфоманси, ги дадоа своите позитивни мислења за скалата преку социјалните мрежи). Тука е и пожарот во фабриката „Охис“. Со скалата имавме и една техничка интервенција – спасување на заглавени лица во стан на 8 кат.

Околу обвинувањата и споредбите Загреб-Скопје и цената на истата скала сакам само да дадам информација дека Загреб има оперативни шест скали, а ние имаме еве сега една, а до сега беше набавена само една во 1974 година. Мислам дека најнеопходна беше набавката на ваква скала со потребната дополнителна опрема и мултифункционалноста за секакви интервенции.

На почетокот на август во еден ден имавте 22 интервенции за помалку од 24 часа. Можно ли е сите тие пожари да беа настанати од небрежност или дел беа подметнати?

– Да тоа беше 5.08.2021 во период од 10 часот првиот повик за пожар до 22 часот кога ја имавме последната пријава БППЗ-Скопје. Имавме 22 интервенции. Како што и кажав неколку пати досега, 99 проценти е човечки фактор, но сепак со присебноста и професионалноста на целокупната Бригада, сите пожари беа изгасени и локализирани во најкусо можно време. Како командант, горд сум на сите вработени кои покажаа професионалност, присебност и одлучност во гасењето на пожарите.

Во истиот тој ден правевме втора смена на екипите во Пехчево-Делчево, значи имавме помалку 20 пожарникари, но сите кои беа во Скопје, се ставија на располагање непрашувајќи колку ќе траат интервенциите.

Според статистиката на ТППЕ Скопје, дали годинава бројот на интервенции е зголемен или намален во однос на лани?

– Статистиката е бројка која е менлива секоја година. Ако ја земеме 2019 до 25.08 имаше 1200 интервенции, во 2020 година до 25.08 имаше 820 интервенции, но тука е Ковид пандемијата и повеќето карантини и забрани кои ни се случуваа во таа година и сега во 2021 до 25.08 имаме 930 интервенции.

Како командант на ТППЕ Скопје се залагате да се формира медицинска служба во рамки на пожарната. Ќе биде ли ТППЕ Скопје првата противпожарна единица во земјава која ќе има ваква служба?

– Моите залагања продолжуваат и во наредните години. Екипирањето на бригадата, обуките и доусовршувањето продолжува. Досега имаме обучено 52 пожарникари за прва помош и парамедик до одредено ниво во дадена ситуација да дадат медицинска помош додека не пристигнат екипите на Брза Помош

Австријците кои пристигнаа на помош во гаснењето на пожарите донесоа современа противпожарна опрема, а со себе имаа и амбулантно возило и кујна. Кога македонската противпожарна служба ќе ги достигне овие стандарди?

– Самата тенденција дека целиме кон европските вредности и европеизација на државата ќе треба да не донесат до тоа ниво – поголеми вложувања во службата и екипирања на вработени затоа што видовме дека пожарникарите се потребни секогаш и секаде без разлика дали станува збор за пожар, поплава или земјотрес.

Next Post

Заев, Битиќи и градоначалникот на Вевчани Јанкоски: Вевчани и регионот добија туристички центар според стандардите на најмодерните европски општински средини

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Мицкоски спроведува политика која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од речиси 700 милиони долари

August 24, 2025

Мециновиќ: Скопје мора да се ослободи од политичките пранги и да се развива во интерес на граѓаните

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk