ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Тврдењата на опозицијата се лага

September 3, 2021 13:01
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Скопје и кандидат на локалните избори за уште еден мандат денеска одговори на нападите на опозицијата потврдувајќи дека неговата семејна куќа во фаза на, како што кажа, реконструкција, но нападите на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече лага додавајќи дека ќе почека да види до каде ќе оди лагата а потоа ќе ги презентира сите документи.

-Јас сум седум години во политиката, се изнаслушав се и сешто за мене и тоа е стимулирана црна кампања од опозицијата. Во однос на ова прашање ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и македонската јавност и ќе направам само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи во коишто во целост ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа која е предмет на реконструкција, рече Шилегов.

Тој посочи на повеќе реализирани активности во градот изминатите години наведувајќи дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се само за дефокусирање на јавноста од сработеното.

-Кога од позиција на градоначалник на Скопје за само четири години ќе направите четири булевари, еден мост скоро завршен, еден мост започнат, ќе уредите јавни простори што можеби никој не помислил дека можеле некогаш да бидат уредени, ќе изградите 110 км велосипедски патеки со сериозна разлика, ќе изградите капацитет како што е Лајка со цел стретшки да се реши среднорочно пробчемот со кучињата скитници, ќе ја вратите Дрисла од еден обид за криминална приватизација во сопственост на граѓаните  многу е логично опозицијата во предворјето на изборите да се обидува да ја дефокусира јавноста на проблеми што не се врзани со престојните избори, а кои се врзани лично со градоначалникот Шилегов, рече тој.

Шилегов повика да се зборува за Скопје, а не лично за кандидатите за градоначалници бидејќи на граѓаните, како што кажа, им е доста од омраза и поделби.

За гужвите во автобусите во време на пандемија и за тоа кој донел одлука ЈСП да вози по неделен возен ред, градоначалникот рече дека таква одлука не е донесена.

-Она што замолувам секој корисник на ЈСП да се придржува на мерките кои што ги препорачува Комисијата и Министерството за здравство, повика Шилегов.

Градските автобусите сега сообраќаат во редовен режим, а од понеделник со редовен возен ред ќе бидат и приградските автобуси./МИА/.

Next Post

Пукал во соселани кои се враќале од погреб, еден полесно повреден

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Канадскиот премиер Карни пристигна во Кијив

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk