ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска на координативен состанок со директорите на училиштата: Важно е да се почитуваат заштитните мерки за училиштата да останат безбедни

September 3, 2021 16:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Образовниот систем е во добра кондиција и успешно се спроведува наставата со физичко присуство, според новите наставни програми за прво и четврто одделение предвидени со реформата во основно образование. За ова, но и за други актуелни теми денеска министерката за образование и наука разговараше на редовен координативен состанок со директорите на основните и средните училишта.

Директорите од основните училишта ја информираа Царовска дека нема потешкотии во инсталирањето на дигиталните учебници за четврто одделение. Апликациите веќе се испратени на родителите, а исто така се спуштени и на интерактивните табли во училиштата на кои учениците ја следат наставата. Првачињата исто така се обезбедени со нови учебници. Тие посочија дека наставниците и учениците се задоволни од новите наставни програми кои се поинтересни и со внимание ги реализираат и следат часовите.

На состанокот директорите ја информираа министерката за состојбата со Ковид-19 и посочија дека во сите училишта и во средните и во основните доследно се почитуваат мерките за заштита.

„Според податоците коишто ги добиваме од вас во моментот само 0,01 % од вкупниот број ученици се позитивни случаи. Ист е процентот и кај наставниците. Ова укажува дека бројот на активни случаи во училиштата е минимален и засега немаме трансмисија на вирусот во училиште. Апелирам на одговорно однесување од сите нас и на строго почитување на мерките бидејќи покрај со вакцинацијата која е најдобрата заштита, од вирусот не штитат и маските и честата дезинфекција на рацете и просторот“, рече министерката Царовска.

Министерката посочи дека во интерес на сите ученици, на наставниците и на родителите е училиштата да останат отворени што подолго за настава со физичко присуство бидејќи тоа е најдобрата опција.

„Образовниот систем е подготвен и со уште две сценарија кои може да започнат да се применуваат веднаш доколку се појави таква потреба, за што одлучува Комисијата за заштита од заразни болести. Важно е сите ние будно да ја следиме состојбата и навреме да реагираме кај епидемиолошките служби доколку постои сомнеж за позитивен случај“, рече Царовска.

Министерството за образование и наука ја продолжува секојдневната комуникација и координација со училиштата со цел да се обезбедат безбедни услови и квалитетна настава.

Next Post

Николовски и Битиќи во Крива Паланка: Вложуваме во рамномерниот регионален развој во секоја општина, после 50 години Крива Паланка добива нов градски плоштад

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk