Резултатите од пописот нема да доведат до промена во уставните категории, нагласи министерот за правда Бојан Маричиќ, во гостувањето на ТВ21. Тој кажа дека граѓаните треба да имаат доверба и да не стравуваат за своите стекнати права.
-Треба да се означи колку имаме резидентни граѓани, а колку нерезидентни. И двете групи ќе бидат вклучени во крајната вкупна бројка што е битна за уставните категории. Уверувам дека никој нема да загуби никакви права, вели Маричиќ.
Министерот додаде дека правата се гарантирани и стекнати и дека, како што вели, никој нема да ги чепка.
– Ни треба реална бројка, не очекуваме големи отстапки, но за правата има политички консензус и никој не треба да се плаши дека некому нешто ќе биде одземено. Ако некој го тврди спротивното тоа се единствено деструктивните политички сили, кажа Маричиќ.
Тој нагласи дека дијаспората веќе се евидентира и тие имаат можност за тоа до 30 септември.
Д. Е.