Повеќе пати сум повторил во јавноста, дека тие што повикуваат на бојкот, не и мислат добро на државата, и не им мислат добро на сопствените граѓани. Пописот е општествено одговорна и нужна работа. Не би го правеле ако тоа не е во интерес на граѓаните. Пописот треба да обезбеди еден солиден фонд на информации за сите граѓани, врз основа на кои, надлежните институции и фактори, и бизнисот, треба да креира развојни политики, во интерес на граѓаните. Тоа е целта и идејата на пописот. Пописот се спроведува секаде низ светот. И сите земји се решаваат да вложат огромни средства во оваа операција, да ангажираат голем број луѓе и времетраење на подготовка … Ако не, никој не би се нафатил на една ваква операција, ако навистина нема потреба, и тоа голема потреба.“, коментира директорот на ДЗС, г. Апостол Симовски во интервјуто на ЦИВИЛ, за политичките субјекти од опозицијата кои повикуваат на бојкот на пописот.
Симовски посочува дека пописот е неопходен, бидејќи државата нема елементарни информации за населението, а попис не сме имале веќе дваесет години.
„Ние веќе дваесет години немаме попис. Оваа држава нема елементарни информации за тоа што ни се случува со населението. Колку сме, каде сме, какви сме, која е структурата на населението, каков е квалитетот на понудата на работната сила, каков е нашиот пазар, какви се условите за домување, какви се нашите услови за живеење во тие населени места, дали треба да се интервенира нешто, или не, што е тоа што ќе треба да биде приоритет, и слично. Тоа може да го определите само врз основа на информации. Ние, за жал, ги немаме.
Многу работи, можеби сме ги направиле залудно, во изминатиот период, немало потреба од тоа, ама не сме знаеле дека нема потреба, или, многу работи воопшто не сме направиле, а имало потреба од такво нешто, бидејќи немаме информации. Целта на пописот е токму тоа. Сите тие што агитираат да не се отвори врата, да не се учествува во пописот, апсолутно немаат намера да ги штитат граѓаните, туку имаат намера да пропаднеме како држава, и врз основа на такви активности да добијат некакви политички поени, да дојдат на власт или што и да е. Затоа, апелирам до сите, да не ги слушаат ваквите апели. Не им мислат добро на граѓаните, ја злоупотребуваат, особено состојбата со КОВИД – 19, за да најдат некакво алиби зошто повикуваат на такво нешто.“, вели Симовски.
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА