ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Честитка од Пендаровски по повод Денот на наставата на турски јазик

Клучно за развојот на една заедница е правото на квалитетно и функционално образование на мајчин јазик. Државата не смее да прави компромиси и импровизации кога станува збор за ова суштинско прашање кое е толку важно за зачувување на културата и традицијата на помалубројните етнички заедници. И покрај предизвиците во реализацијата на ова право, Северна Македонија е горда што етничките заедници веќе подолго време можат да го користат правото на настава на свој мајчин јазик. Верувам дека секој човек од секоја заедница е подеднакво важен за оваа држава која е заеднички дом за сите нас

December 21, 2019 09:50
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Северна Македонија, пренесе МИА.

–Клучно за развојот на една заедница е правото на квалитетно и функционално образование на мајчин јазик. Државата не смее да прави компромиси и импровизации кога станува збор за ова суштинско прашање кое е толку важно за зачувување на културата и традицијата на помалубројните етнички заедници. И покрај предизвиците во реализацијата на ова право, Северна Македонија е горда што етничките заедници веќе подолго време можат да го користат правото на настава на свој мајчин јазик. Верувам дека секој човек од секоја заедница е подеднакво важен за оваа држава која е заеднички дом за сите нас, вели Пендаровски во честитката.

Секој човек и секоја заедница, вклучително и турската, е дел од нашиот богат мозаик, додава Пендаровски и потенцира дека Турците од Северна Македонија со своите автентични локални традиции и со својата богата литература и уметност го збогатуваат културниот и општествениот живот на нашата заедничка држава.

-Во ова светло, 21 декември – Денот на наставата на турски јазик е еден од оние празници што не потсетуваат за нашето огромно јазично и културно богатство, но и на нашата одговорност истото соодветно да го чуваме, унапредуваме и промовираме за оваа и за идните генерации. Ние немаме друга алтернатива освен градење на едно општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаква шанса за просперитет, пишува претседателот Пендаровски во честитката.

Next Post

Заев, Вучиќ и Рама на состанок за унапредување на соработката на земјите од Западен Балкан

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk