ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Честитка од бугарскиот министер за надворешни работи Стоев по повод Денот на независноста на Северна Македонија

September 8, 2021 15:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска упати честитки по повод 8 Септември, Денот на независноста на Северна Македонија, соопшти прес-центарот на бугарското МНР.

Како што јави дописникот на МИА во Софија, министерот Стоев потенцира дека Бугарија беше првата земја во светот што ја призна независноста на тогашна Република Македонија, а искажаната бугарска поддршка за стремежите на младата држава беше природен и искрен чекор, што доаѓал од јавното мислење и како доказ има историско значење.

-Во последните 30 години, поддршката на Бугарија не беше ништо повеќе освен несебичен чин на пријателство и силна верба во заедничка европска и евроатлантска иднина. Секогаш кога Република Северна Македонија се соочува со сериозни проблеми, Бугарија е подготвена да помогне, без оглед на сопствените предизвици, рече бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев во обраќањето испратено до министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи.

Бугарскиот министер за надворешни работи, исто така, потсети на големите очекувања од раните 1990-ти години дека политичките промени во новопризнаената држава ќе донесат можност за надминување на вештачките поделби наметнати на луѓето од двете страни на границата.

-Долгоочекуваниот пад на „ѕидот“ меѓу нас се покажа како долг и болен процес. Неговото целосно уништување се уште бара силна политичка волја и храброст за искоренување на негативните перцепции и стереотипи, истакна Стоев.

Тој изрази уверување дека целосната имплементација со добра волја на двете земји на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година може да биде основа за поамбициозни и поискрени европски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија.

-Верувам дека не само нашето минато, туку и нашата иднина е заедничка во семејството на Европската унија, додаде Стоев и во име на идните генерации повика продлабочувањето на соработката да продолжи со цел да се постигне напредок и опипливи резултати во корист на граѓаните, регионот и Европа во целина.

Next Post

Рама ги предупреди студентите доколку не се вакцинираат, нема да влезат на универзитет

Shortcut

Најново

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk