ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Ин Виница веритас“ – фестивал на хуморот и сатирата

September 29, 2019 17:40
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ин Виница веритас“ е името на меѓународниот фестивал на хуморот и сатирата што започнува утре во виничкиот дом на културата. Ова е единаесетто издание на фестивалот годинава.

Комичари, актери, сатиричари и карикатуристи ќе се претстават пред својата публика во програма што ќее трае пет дена.

„На самото отворање на фестивалот ќе ги прогласиме најдобрите карикатуристи од конкурсот за карикатура чие мото годинава е Трагачи по парадокси, а нивните дела, заедно со останатите што пристигнаа, ќе бидат претставени на заедничка изложба. На театарската сцена прв ќе настапи актерот Сашо Тасевски со Северно од Македонија, а во вторник гостува бугарска театарска група од Благоевград со Живот, макар и краток. Следниот ден, по вторпат годинава, ќе се одржи Интернационална вечер на хумор, сатира и карикатура. во чии рамки ќе промовираме две нови збирки со афоризми, Женско писмо и Трагачи по парадокси 2. Тоа ќе биде и петта книга од фестивалската едиција Балканска сатира, по што истата вечер ќе гостува театарот Бора Станковиќ од Врање“ – изјави Јовица Илиев, директор на домот на културата „Тошо Арсов“ за МИА.

Програмата на фестивалот вклучува и едукативни часови по хумор и карикатура за средношколците од Виница, а едукатори ќе бидат Никола Драгаш и Миле Ѓорѓијоски.

В четврток гостува театарот од Лесковац со претставата „Половњаче“, а овогодишниот „Ин Виница веритас“ ќе биде заокружен со настапот на актери од Народниот театар од Битола со комедијата „Кокошка“, во режија на стендап комичарот Маријан Ѓоргиевски.

Поддршка во организацијата на Фестивалот доаѓа од Министерството за култура и од локалниот бизнис сектор, а покровител е Општина Виница.

Next Post

Кошарската Евролига воведува данок на луксуз

Discussion about this post

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk