Двајца авганистански новинари, кои известувале за женските протести во Кабул, се приведени и брутално претепани од талибанските безбедносни сили, соопшти Хјуман рајтс воч.
Таки Дарјаби и Немат Накди од кабулскиот медиум Етилаат-е Роз беа приведени и нападнати.
Двајцата известувале за протестите на жените во главниот град на Авганистан, повикувајќи да се стави крај на кршењето на правата на жените и девојчињата од страна на талибанците.
Новинарите биле одведени во полициска станица и сместени во одделни ќелии, пред да бидат брутално удирани со кабли, објави Етилаат-е Роз.
Тие се ослободени вчера и хоспитализирани поради повреди на грбот и лицето./МИА/.