ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците денеска треба да гласаат за Буџетот за 2020 година

Собранието денеска петти ден ќе  расправа за Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година за кој опозицијата во изминатите денови посочи дека е неразвоен и претставува преизборно купување на граѓаните, а владејачките партии истакнаа дека е во согласност со растот на домашната економија и е во насока на фискална стабилизација

December 22, 2019 09:48
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска петти ден ќе  расправа за Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година за кој опозицијата во изминатите денови посочи дека е неразвоен и претставува преизборно купување на граѓаните, а владејачките партии истакнаа дека е во согласност со растот на домашната економија и е во насока на фискална стабилизација, пренесе МИА.

Расправата за Предлог-буџетот почна во понеделникот и согласно Деловникот за работа на Собранието, треба да заврши денеска. Предлог-буџетот се најде на пленарна седница откако претходно заврши аманданската расправа за него во матичната Комисија за финансирање и буџет.

Во фокусот на буџетот за наредната година е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор. Приходите се проектирани на 222 милијарди и 300 милиони денари (3 милијарди 615 милиони евра), што претставува раст од 5,6 отсто споредено со оваа година. Кај расходната страна на буџетот планиран е раст од пет отсто во однос на минатата година со што вкупните расходи изнесуваат 239 милијарди и 700 милиони денари, односно три милијарди 898 милиони евра.

Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година кога изнесуваше 2,5 проценти, согласно со Фискалната стратегија 2020-2022 и препораките на меѓународните организации. Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари и изнесува 17 милијарди 385 милиони денари.

Собранието денеска треба да го донесе и Предлог законот за извршување на Буџетот за 2020 година.

Next Post

Џафери: Техничката влада може да ја избереме и на 3 јануари

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk