ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прва средба на највисоко ниво со новата американска администрација: Шекеринска на состанок со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин III

September 18, 2021 09:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

И покрај строгите мерки предизвикани од пандемијата за рестрикции на средби и состаноци со физичко присуство, во Вашингтон, САД беше организирана средба помеѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин III.

Средбата измина во исклучително пријателска атмосфера при што министерката го запозна министерот за одбрана на САД со тековните процеси во одбранбената сфера и ги истакна позициите на Северна Македонија во геополитичките процеси во регионот.

Потенцирајќи го успехот постигнат со членството на Северна Македонија во НАТО, министерката посочи дека истиот се должи на решителната политика, храбрите одлуки, но и на големата посветеност и работа во одбраната кои, во изминативе 30 години, носат и силен американски белег.

„САД во целиот период од нашата независност беа и останаа наши најсилни поддржувачи и стратешки партнери”, рече таа.

Изразувајќи задоволство од средбата,  секретарот за одбрана Остин истакна дека сојузништвото со Северна Македонија високо се цени и е од исклучително значење за САД. Тој се заблагодари за долгогодишното партнерство и соработка во одбраната и нагласи дека тоа ќе продолжи да се развива со уште посилен интензитет.

Министерката се осврна и на процесот на евроинтеграцијата и оцени дека застојот не оди во прилог на заложбите за стабилен Западен Балкан.

„Застојот во евроинтеграцијата на Северна Македонија ја поткопува довербата во европските вредности и во храбрите одлуки што ги направивме како држава за да ги отстраниме препреките на тој пат. Сметам дека силен и координиран европски и американски ангажман би довел до позитивно придвижување и надминување на статус-кво во процесот, со што ќе се врати довербата во него и ќе се оневозможат влијанијата од трети страни”, рече Шекеринска.

Шекеринска во Пентагон се сретна и со Колин Кал, потсекретар за политички прашања. На средбата стана збор за состојбата во Авганистан, новите предизвици во сајбер безбедноста, блокадата на преговарачкиот процес со ЕУ и заедничкото развивање на Криволак како НАТО полигон за армиски вежби.

Next Post

Истекува рокот за потврдување на листите на кандидати за градоначалници и советници

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk